Предлошка:Избран портал за септември 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија
Разни орудија од бронзеното доба.
Разни орудија од бронзеното доба.

Археологија е наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со ,,старите работи", односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па сè до нашето совремие.

Каменото доба е најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува камено доба или камено време. Каменото доба, пак, од своја страна се дели на старо камено доба или палеолит и ново камено доба или неолит.

Бронзеното доба е период на пресвртница, кога човекот станува свесен за улогата и значењето на металот во неговиот живот. Особено тоа се однесува на користењето на бронзата, која е легура на бакар и калај, чиј квалитет од своја страна ќе овозможи и поинтензивен економски живот.

Дознајте повеќе за археологијата на порталот посветен на неа.