Шаби

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шаби (француски: Chabis) ― француско сирење со нежен вкус и текстура која станува поцврста како што созрева.

Шабито е меко сирење кое се произведува без загревање или притискање, со користење на козјо млеко. Се одликува со облога на „расцутена кора“ (croûte fleurie) од мека бела мувла која потсетува на попознатите сирења како камамбер.[1]

Со потекло од регионот Нова Аквитанија во западна Франција, сирењето се прави во мали дискови од приближно 100 г. Постојат и селски верзии и фабрички произведени.

Најдоброто време од годината за шабито е помеѓу април и август, иако може да се ужива од март до декември. Идеално, сирењето треба да се остави да зрее околу дваесет дена по производството. За вкус често во сирењето се додаваат билки и зачини.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Chabis de Gatine“. Cheese.com. Посетено на 8 мај 2022.
  2. „Chabis (Laura Chenel)“. Culturecheesemag.com. 25 февруари 2017. Посетено на 8 мај 2022.