Чурулинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чурулинци
Австралиски чурулин (Burhinus grallarius)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Чурулинци
Mathews, 1912
Род (биологија)

Чурулинците (науч. Burhinidae) се фамилија на птици што живеат низ тропските и умерените подрачја во светот. Иако спаѓаат во редот на бекасовите (цапачи по бари и плитаци), највеќето видови поретпочитаат пустински или полупустински (степски) живеалишта.

Во Македонија е присутен само еден вид — чурулинот, наречен кулик или евроазиски чурулин (Burhinus oedicnemus).[1]

Имаат средна до крупна телесна градба со силен црн или жолт клун, големи жолти очи и перје што ги претопува во околината.

Претежно се активни ноќе, кога се огласуваат со гласно завивање.[2]

Се хранат главно со инсекти и други без’рбетници. Поголемите видови јадат и гуштери и помали цицачи.[2]

Речиси сите видови се непреселнички, со исклучок на чурулинот, кој лете сели во умерениот европски дел од ареалот, а а зимата ја минува во Африка.

Видови[уреди]

Фамилијата ги опфаќа следиве видови:

Слика Народно име Научно име
Burhinus oedicnemus0.jpg чурулин
(евроазиски чурулин)
Burhinus oedicnemus
Burhinus indicus, central India.jpg индиски чурулин Burhinus indicus
Burhinus senegalensis.jpg сенегалски чурулин Burhinus senegalensis
Waterdikkop-crop.jpg воден чурулин Burhinus vermiculatus
Cape Thick-knee at the Henry Doorly Zoo, Omaha, Nebraska (2006-09-30).jpg дамчест чурулин Burhinus capensis
Double-striped Thick-knee.jpg американски чурулин Burhinus bistriatus
Peruvian Thick-knee (Burhinus superciliaris).jpg перуански чурулин Burhinus superciliaris
Bush Stone-curlew.jpg австралиски чурулин Burhinus grallarius (порано B. magnirostris).
Thimindu 2009 09 27 Yala Great Stone Curlew 2.JPG индиски чурулин Esacus recurvirostris
Beach Thick-knee Inskip Pt2.JPG карјбрежен чурулин Esacus giganteus (порано E. magnirostris).


Наводи[уреди]

  1. Некритички список на птиците во Македонија - Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  2. 2,0 2,1 Harrison, Colin J.O. (1991). Forshaw, Joseph. уред. „Encyclopaedia of Animals: Birds“. London: Merehurst Press. стр. 105–106. ISBN 1-85391-186-0. 

Надворешни врски[уреди]