Чукав, чукав мале

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чукав, чукав мале — тетовска староградска песна, која опишува една од љубовните авантури на Славе Ашикот.[1]

Историја на настанувањето[уреди | уреди извор]

Песната ја испеале другарите на Славе Ашикот, некаде помеѓу двете светски војни. На Велика сабота, додека семејството на една тетовска невеста било на служба во соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, стариот беќар Славе Ашикот ја посетил во нејзиниот дом.

Изведби[уреди | уреди извор]

Песната Чукав, чукав мале се наоѓа на албумот Тетовски староградски бисери на тетовската група Серенада, издаден 1986 г. од тогашен Југотон, сега Кроација – Рекордс.

Тетовската група Шербет исто така ја има снимено оваа песна на својот ЦД наречен Спомен, издаден 2018 г. од Студио ЛЦВ.

Текст[уреди | уреди извор]

Синојка им, мале, дома дојдов, оф, оф,

дома дојдов, мале, пред вратата.

Чукав, чукав мале, дури омалев, оф, оф,

чукав, чукав, мале, дури омалев.

На мустак ми, мале, оќит падна, оф, оф,

на мустак ми, мале, оќит падна.

Па се качив, мале, на ѕитчето, оф, оф,

па прескочив мале, низ пенџерчето.

Па ѝ ступнав, мале, на грлцето, оф, оф,

па ѝ ѓердан, мале, ждринг ждринготна.

Се разбуди, мале, стара ѝ мајка, оф, оф,

Што ти ѓердан, ќерко, ждринг ждринготна?

Ме прескочи, мале, црната мачка, оф, оф,

ме прескочи, мале, црната мачка.

Не ми било, ќерко, црната мачка, оф, оф,

тук’ ми било, ќерко, Славе Ашикот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кочоски, Владимир (2006). Песни и судбини. Тетово: Печатница Напредок. ISBN 9989-730-47-4.