Чудотворка (филм од 1962)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Чудотворка“ (англиски: The Miracle Worker) — американски филм од 1962 година, во режија на Артур Пен (Arthur Penn) по сценариото на Вилијам Гибсон (William Gibson), засновано врз неговата истоимена драма од 1959 година. Главните улоги ги толкуваат: Ен Бенкрофт (Anne Bancroft), Пати Дјук (Patty Duke) и Виктор Џори (Victor Jory). Филмот имал пет номинации за „Оскар“, а освоил две: за најдобра глумица (Бенкрофт) и најдобра споредна глумица (Дјук), која на возраст од 16 години станала најмладата добитничка на „Оскар“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Младата Хелен Келер (ја игра Дјук) е слепа и глува од детството како последица на тежок случај на шарлах. Таа е фрустрирана од својата неспособност за комуникација со луѓето и често предизвикува насилни и неконтролирани испади. Родителите не можат повеќе да излезат на крај со неа и бараат помош од училиштето за слепи лица „Перкинс“. Училиштето ја испраќа поранешната студентка, Ен Саливан (ја игра Бенкрофт) да ја подучува Хелен. Така, меѓу Ен и Хелен зпаочнува долга битка при што Ен со својата истрајност и тврдоглавост ги урива Хеленините ѕидови на тишината...

Наводи[уреди | уреди извор]