Чудомир Илиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чудомир Илиев
Роден 1916 година
Горна Џумаја, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал 1995 година
Националност Македонец

Чудомир Ефтимов Илиев ( 1916 во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија1995) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил верен јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров, поради што бил осуден на петнаесет години строг и темничен затвор. Работел како шумар во рударската фарма „Синаница“, па давал и материјална помош на четата. Во логорите на смртта на островот Персин (логорот Белене), поминал околу осум и пол години, од каде излегол со нарушено здравје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 53.