Чудовиште од Арика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чудовиште од Арика
Herrerasil.svg
ВидКриптид
ПодвидЖив диносаурус
Подрачје Чиле
ЖивеалиштеПодрачје на општина Арика
Илустрација.
илустрација на наводниот изглед на Чудовиште од Арика (според описот каде наликува на Тероподски диносаурус)

Чудовиште од Арика (англиски: Arica Monster) е криптид кој наводно живее во Атакама на подрачјето на општината Арика во Чиле.

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Описите за ова суштество се различни: од голем кенгур со кучешко лице, па до тероподски диносаурус (висок 2.13 до 2.74 метри, и долг 3.05 до 4.57 метри). Овој криптид секогаш зад себе остава трипрстни отпечатоци. Видувањата на оваа суштество честопати се случуваат покрај патишта кои поврзуваат соседни градови.

Можни објаснувања/Научен став за овој криптид[уреди | уреди извор]

Некои криптозоолози сметаат дека во случајот со Чудовиштето од Арика се работи за видувања на еден вид на јужноамериканска птица тркачка - Мал (или Дарвинов) нанду (Rhea pennata или Pterocnemia pennata).

Хронологија на средбите со оваа суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Чудовиште од Арика прв пат е видено во пустината Атакама во 1980 година.
    • Сведоците тврделе дека се сретнале со големо двоножно суштество кое личи на кенгур додека патувале со аутомобил по пат кој ги поврзува градовите Икике и Арика низ пустината Атакама (некои 2.000 километари северно од градот Сантијаго). Локалните весници од овие градови собирале податоци за неодамнешни средби на граѓаните со оваа ретко суштество;
    • Таа година воениот офицер Хернан Куевас вели дека видел две суштества додека патувал со уште четири личности во автимобилот. Тој рекол дека тоа биле „две големи суштества кои наликувале на двоножни диносауруси". Исто така рекол дека се слични со Велоцирапторите од филмот "Јура парк“;
  • Во 2004 година членовите на семејството Абет де ла Торе Диаз дошле до средба со, како што тие опишуваат, суштества кои наликуваат на големи кенгури со кучешки лица кои им го обиколиле автомобилот додека путовале дома во Арика. Но тие не се единствените кои виделе нешто чудно. Група на мотористи пријавиле дека се сретнале со животно кое изгледало како да не е од нашето време (дека изгледало како Тероподски диносаурус).

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]