Чудовиштето од Аја Напа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аја Напа чудовиште
Видкриптид
ПодвидМорско чудовиште,
Криптoзooлoшки влекач
Подрачје Кипар
Живеалиштеморе

Аја Напа чудовиште (грчки: Αγία Νάπα θαλάσσιο τέρας, турски: Ayia Napa deniz canavarı, англиски: Ayia Napa sea monster) е криптид кој се појавува долж брегот на популарното туристичко одмаралиште Аја Напа на Кипар. Најмногу средби со ова суштество се случиле околу ‘ртот Греко.

Други називи[уреди | уреди извор]

Оваа суштество уште е познато под имињата:

  • Аули (Auli),
  • Кипарски Лох Нес (Cyprus Loch Ness),
  • Суштество од длабчините (Creature from the Depths),
  • или Пријателско чудовиште (Το φιλικό τέρας, The Friendly Monster)[1];

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Го опишуваат како големаа морска змија со долг врат, со две перки на градите и една на грбот, со долг врат, и опашка која наликува на опашка кај делфин. Локалните рибари зборуваат дека е пријателско суштество, и нема извештаи дека оваа суштество направило било каква штета.

Во митологијата[уреди | уреди извор]

Многу луѓе сметаат дека овој криптид всушност е Сцила, митско морско чудовиште од грчката митологија.[2]

Можно објаснување/Научен став за овој криптид[уреди | уреди извор]

Се смета дека во случајот со Аја Напа чудовиште се работело за крoкoдил кoj бил држaн кaкo куќно милениче, па подоцна нeзaкoнски пуштeн во дивината.[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. HadjiPavlou, P. „To Filiko Teras“, Cyprus Weekly, 14. 03. 2007, стр. 18.
  2. Department of Antiquities - Archaeological Sites
  3. "Famagusta">Alethea Reynolds. „Cyprus officials search for mystery 'monster'“, Famagusta Gazette, 28. 10. 2008. (посет. 29. 12. 2009. г).

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]