Чудесното попладне на Балтазар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чудесното попладне на Балтазар е расказ од колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршила Бојана Богдановска.

Содржина[уреди | уреди извор]

Балтазар е сиромашен човек на возраст од 30 години, кој живее во неформален брак со Урсула. Еден ден, тој го завршува кафезот за птици, кој претходно му го порачал синот на еден богат човек - дон Чепе Монтиел. Набргу, сите луѓе се собираат во неговиот двор, зборувајќи дека тоа е најубавиот кафез на светот. Во неговиот дом доаѓа и докторот Хиралдо, кој сака да го купи кафезот како поклон за својата болна жена, но Балтазар не го дава кафезот. Потоа, тој оди во домот на Монтиел, кој не сака да го купи кафезот, зашто тој не го порачал. Неговото дете, Пепе се фрла на подот и плаче, но таткото не попушта и го брка Балтазар од куќата. Балтазар сака да си го одржи ветувањето и му го поклонува кафезот на детето. Потоа, тој оди во барот, каде ги чести сите луѓе од селото, а тој се опива до бесвест и во пет часот наутро останува да лежи неподвижен на улицата пред барот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 127-138.