Чрчишка Река
Изглед
| Чрчишка Река Κρανιά | |
|---|---|
| Местоположба | |
| Земји | Грција |
| Крај | Костурско, Егејска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • координати | 40°29′55″N 21°04′14″E / 40.4985°N 21.0705°E |
| Устие | |
• место | Бистрица кај Добролишта |
• координати | 40°28′32″N 21°08′27″E / 40.4755°N 21.1409°E |
| Особености на сливот | |
Чрчишка Река (грчки: Κρανιά, Кранија) — река во Костурско, Егејска Македонија.
Реката извира јужно од врвот Струнга (861 м) и тече на југоисток, минувајќи меѓу возвишенијата Синоро (848,2 м) на север и Еленица (895,3 м) и Кур (874,4 м) на југ. Поминува под патот Нестрам–Костур меѓу месностите Сапатина на север и Билевец на југ, а на крај се влева во Бистрица, во непосредна близина на црквата „Св. Спиридон“, како нејзина десна притока.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“