Прејди на содржината

Чоколадна лава торта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чоколадна лава торта, стопена чоколадна торта или торта со течно јадро е француски десерт кој се состои од чоколадна торта со течно чоколадно јадро. Наречена е по нејзиниот стопен центар,[1] уште е позната и како чоколаден фондан или едноставно лава торта.[2] Не треба да се меша со фондан од чоколадо, рецепт кој содржи малку брашно, но многу чоколадо и путер, па затоа се растопува на непцето (но не и на чинијата). [3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Францускиот готвач Мишел Брас изјавил дека ја создал тортата во 1981 година, по две години експериментирање, а неговата оригинална инспирација била семејна група која се загревала по скијање пиејќи топло чоколадо. Францускиот готвач и мајстор за чоколадо, Жак Торес потврдил дека таков десерт постоел во Франција во 1980-тите. [2]

Францускиот готвач Жан-Жорж Вонгерихтен кажал дека го има создадено јадењето во Њујорк во 1987 година. Изјавил дека извадил чоколаден пандишпан од рерна пред да биде готов и открил дека средината е сè уште течна, но топла, со добар вкус и текстура.[2] Нему му се припишува популаризацијата на чоколадна лава торта во Соединетите Американски Држави, каде што стана речиси задолжително вклучување во менијата за десерти во луксузните ресторани во 1990-тите.[2][4]

Во двата рецепта иако не се слични еден со друг, сепак добиеното јадење е слично. Рецептот на Брас е направен во два дела: замрзнато јадро од ганаш, покриено со тесто од оризов скроб и печено во калап. Рецептот на Вонгерихтен е поедноставен: тесто за чоколадна торта направено од обично брашно, печено кратко во многу загреана рерна. Затоа, течната чоколадна средишност е добиена различно во двата рецепта, но онаа на Вонгерихтен се покажа како попопуларна, бидејќи е полесена за подготовка.[5]

Подготовка

[уреди | уреди извор]
Чоколадна лава торта прелиена со чоколаден сос

Стопените чоколадни колачи карактеристично содржат пет состојки: путер, јајца, шеќер, чоколадо и брашно.[2] Путерот и чоколадото се топат заедно, додека јајцата или се матат со шеќерот за да се формира густа паста, со што се добива погусто тесто, или се одделуваат, а белката се мати во меренге за да се добие поголема густина и полесна подготовка. Понекогаш се додава и лажица јако кафе за да се подобри вкусот на чоколадото. Во некои случаи дополнително се препорачуваат екстракт од ванила, сол и цимет за да се додаде на вкус. [6]

Тортата се пече во поединечни порции во модли или калапи за бриош. Но, постојат голем број креативни варијации кај чоколадните лава колачи или стопените чоколадни колачи, како што е подготовката на колачите во шолја за кафе или чај. Исто така варијанта на тортата може да се подготви во микробранова печка. [7]

Типични додатоци се топка сладолед, свежо овошје или чоколаден сос и шеќер во прав. Како декорација понекогаш се користат листови од нане.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Chocolate fondant“. Архивирано од изворникот на 14 April 2019. Посетено на 6 May 2014.
  2. 1 2 3 4 5 Machlin, Sherri (23 August 2011). American Food by the Decades. ABC-CLIO. стр. 226. ISBN 978-0-313-37699-3.
  3. „Chocolate fondant“. Архивирано од изворникот на 7 January 2019. Посетено на 1 January 2018.
  4. Josh Chetwynd (1 May 2012). How the Hot Dog Found Its Bun: Accidental Discoveries and Unexpected Inspirations That Shape What We Eat and Drink. Lyons Press. стр. 41–43. ISBN 978-0-7627-8529-2.
  5. Myhrvold, Nathan (2011). Modernist cuisine : the art and science of cooking. Chris Young, Maxime Bilet, Ryan Matthew Smith, Cooking Lab (1st. изд.). Bellevue, Wash.: Cooking Lab. стр. 15. ISBN 978-0-9827610-0-7. OCLC 711381030.
  6. „Chocolate fondant“. Архивирано од изворникот на 14 April 2019. Посетено на 6 May 2014.
  7. „Chocolate fondant“. Архивирано од изворникот на 14 April 2019. Посетено на 6 May 2014.