Чоколада (кловн)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Чоколадо е уметничко име на Рафаел, кловн кој настапувал во Париз во крајот на 19-ти век и во почетокот на 20 век. Рафаел има афро-кубанско потекло и бил еден од првите успешни црни забавувачи во современата Франција.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Рафаел е роден во Куба помеѓу 1865 година и 1868 година, најверојатно како роб, што објаснува зошто неговото раѓање не било регистрирано. Се претпоставува дека тој е роден на 17 септември 1868 година, имајќи во предвид дека владата на Шпанија во 1870 година со моретовиот закон дала слобода да се робови кои се родени во нејзините колонии (главно Куба и Порте Рико) по тој датум.[1] Тој е Роден без презиме, и Падија е едно  една од повеќето што тој подоцна го користел во својот живот. Рафаел не се сеќавам на неговите биолошки родители. Него го одгледувала сиромашна црна жена во сиромашните квартови на Хавана. Додека Рафаел сè уште бил момче го продала на шпанскиот бизнисмен по име Патрисио Кастано Капетиљо за 18 унци злато. Потоа тој го однел Рафаел во своето семејно домаќинство во селото Сопуерта во Северниот дел на Шпанија. Според меѓународното право технички Рафаел престанал да биде роб од моментот кога стапнал на земјиштето на Европа, но Кастано како и многу шпанци со колонии поврзани со анти-аболицистот го игнорирал меѓународното право, повикувајќи го Рафаел како слуга. Рафаел бил единствен црн во селото и затоа го малтретирале селаните и Кастано. Спиел во штала, и не му било дозволено да се образува. Кога имал 14-15 години Рафаел избегал од Кастано. Работел во каменоломи во Баски, а потоа во Билбао , каде што тој работел како пристанишен работник, а потоа како носител на железничката станица. Во Билбао тој се запознал со Тони Грас кловн од Англија , кои се вработил како асистент и слуга. Грас понекогаш го вклучувал Рафаел во неговите дела, но не сакал Рафаел да му биде ученик.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Почеток[уреди | уреди извор]

Познатиот кловн Тони Грас го открил Рафаел, додека тој работел во доковите во Билбао. Бил импресиониран од неговата сила и танцување. Го ангажирал како свој помошник и слуга, давајќи му  улоги во некои од неговите дела, каде Рафаел бил каскадер. Новото дуо почнало да настапува во Новиот циркус Жосеф Олера во Париз во октомври, 1886 година. Рафаеловото уметничко име Чоколадо го добил од Грас. Нивното партнерство било завршен кога во 1888 година. години Анри Aгуст, менаџер на новиот циркус го ангажирал Рафаел, како ѕвезда на пантонимата. Тој во него видел потенцијал за танц и мимичар, а големиот Рафаелов успех на првото шоу  Венчање на чоколадото докажува дека бил во право.[3] Шоуто продолжило со успесите и следните пет години, вклучувајќи и соработувајќи со Пиерантони, Кестерн и Беронимо Медрано. Во текот на овој период тој ја сретнал љубовта на својот живот Марија Хекет, која бил омажена и имал две деца, но разведена во 1895 г. и почнала нов живот со Рафаел. Ги прифатил нејзините децата како свои, а сите членови на семејството биле циркуски изведувачи.

Футит и Чоколада[уреди | уреди извор]

Чоколада и Футит изведуваат скеч за пајак, илустрација на Ренеа Винцента во 1900 години

Директорот на новиот циркус, Раул Донвал во 1895 г. формирал нов дует спојувајќи го Рафаел со англискиот кловн Борчо Футит. Двајца изведувачи ја популаризирале комедијата, особено изведувајќи го  бурлескиот скечот Вињем Тел. Двајцата биле многу успешни во формирањето на комичниот дует помеѓу белиот кловн и црниот кловн. Тие заедно настапувале речиси дваесет години. Во 1905 година годишен договор со Новиот циркус не бил обновен заради Драсуовата афера политзација на расни прашања. Нивната кариера го доживеала врвот, додека тие настапувале во Фоли Белжеру.[4] Во 1909 година тие се вратиле во Новиот циркус, изведувајќи ја претставата Чоколадо, пилот Хенри Moро , кој бил добро прифатена од страна на публиката. Нивното партнерство било прекината во 1910 година, кога Футит бил ангажиран да ја игра улогата Кловн во претставата Ромео и Јулија во театарот Одеон.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Во 2015 година бил снимен филм за животот на Рафаел Пади кој го глуми наградуваниот актер Омар Сај под името Чоколадa.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Moret Law, 1870“ (PDF). конс. 21. 12. 2017. 
  2. Diaz, Jose Antonio. „El primer payaso negro... era de Bilbao“. конс. 28. 12. 2017. 
  3. Metreau, Joel. „«Chocolat»: Pourquoi ce clown est une figure historique pour les Noirs de France“. конс. 26. 12. 2017. 
  4. „Le clown noir enterré à Bordeaux“. конс. 28. 12. 2017. 
  5. „Чоколада“. конс. 28. 12. 2017.