Прејди на содржината

Човекот кој не можеше да молчи

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Човекот кој не можеше да молчи“ (хрватски: Čovjek koji nije mogao šutjeti) – филм на режисерот Небојша Слијепчевиќ од 2024 година. Слијепчевиќ е автор и на сценариото, сценографијата е дело на Иван Вељача, за костимографијата бил задолжен Гео Павлов, монтажата ја направил Томислав Стојановиќ, Грегор Божиќ е директор на фотографијата, обликувањето на звукот го направил Иван Андреев Бфса, продуценти се Катарина прпиќ и Данијел Пек, а филмот е снимен од продуцентската куќа „Антиталент“. Главните улоги ги играат: Горан Богдан, Алексис Маненти, Драган Миќановиќ, Силвио Мумелаш, Лара Некиќ, Приска Угрина, Душан Гојиќ, Небојша Поп Тасиќ, Мијо Павелко, Мартин Кухар, Јаков Зовко, и Роберт Угрина. „Човекот кој не можеше да молчи“ е првиот хрватски филм кој бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобар краток игран филм, а бил добитник на наградата „Златна палма“ за најдобар краткометражен филм на Фестивалот во Кан, како и на наградата на Европската филмска академија за најдобар краток филм.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

На 27 февруари 1993 година, во Штрпци, во Босна и Херцеговина, паравоениет сили го запираат патничкиот воз на линијата Белград-Бар. Во возот се наоѓаат околу 500 патници, а додека војниците ги заробуваат невините цивили, само еден патник се осмелува да им се спротивстави...