Прејди на содржината

Човекот и неговите симболи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Човекот и неговите симболи
УредникКарл Јунг
ЈазикАнглиски
Предмет(и)Психоанализа, симболизам
Издадена
1964
МедиумПечатена книга (тврда и мека корица)
ISBN0-385-05221-9

„Човекот и неговите симболи“ — последното дело што го напишал Карл Јунг пред неговата смрт во 1961 година. Првпат објавена во 1964 година, книгата е поделена на пет дела, од кои четири биле напишани од соработници на Јунг: Мари-Луиз фон Франц, Џозеф Л. Хендерсон, Аниела Жафе и Јоланде Жакоби. Книгата, која содржи бројни илустрации, имала за цел да обезбеди јасно објаснување на сложените теории на Јунг за широка читателска публика која не е специјализирана.[1]

Структура на книгата

[уреди | уреди извор]

Богато илустрирана, книгата се состои од пет дела:

  • Есеј за истражување на несвесното (Карл Јунг)
  • Примитивни митови и современиот човек (Џозеф Л. Хендерсон)
  • Процесот на индивидуализација (Мари-Луиз фон Франц)
  • Симболизам во пластичните уметности (Аниела Жафе)
  • Симболи во рамките на индивидуална анализа (Јоланде Јакоби).

Јунг ја завршил својата глава едвај десет дена пред почетокот на болеста што довела до неговата смрт (ова било неговата последна статија) и откако го одобрил нацртот на своите соработници.

По смртта на Јунг, Мари-Луиз фон Франц ја презела одговорноста за координација и го составила заклучокот.

  1. Freeman, John, ed. 1968. "Introduction." In Man and His Symbols. Dell Publishing. p. viii

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]