Човекови права во Србија
Човековите права во Србија — производ што ги одразува општествените норми на земјата, локалните политички процеси, државната и правната историја и надворешните односи со организации како што е Европската унија. Овие права се заштитени преку тековното вградување на глобалните норми во правните системи и спроведувањето на законите, со цел носителите на должностите да бидат одговорни за нивното однесување и обесштетување на жртвите чии прва не ги почитувале. Неодамнешните извештаи на Хјуман рајтс воч забележуваат постојани недостатоци со систематското исклучување на ромското малцинско население, вознемирувањето на печатот и незадоволна заштита на барателите на азил.[1]
Преглед
[уреди | уреди извор]Најновите периодични извештаи на Комитетот за човекови права на Обединетите нации за Србија забележуваат позитивни аспекти како што е усвојувањето на прогресивно инклузивно законодавство. Сепак, тековните прашања кои предизвикуваат загриженост вклучуваат недоволна имплементација и финансирање на антидискриминаторски мерки, постојано исклучување на Ромите, дискриминација на ЛГБТИ и ХИВ+ лицата, недостаток на правна заштита за лицата со попреченост, недоволен пристап до лични документи за идентификација за бегалците и раселените народи и општ неуспех да се обезбедат информации за етничките и расните малцинства.[2]
Неодамнешни извештаи на Обединетите нации
[уреди | уреди извор]Третиот периодичен извештај за граѓанските и политичките права во Србија бил објавен во 2017 година, а вториот периодичен извештај за економските, социјалните и културните права бил објавен во 2014 година. Тие ги истакнуваат мерките преземени за остварување на човековите права од претходниот извештај за Србија, како и тековните прашања од интерес. Позитивните аспекти вклучуваат:
- Ратификација или пристапување кон повеќе меѓународни конвенции и протоколи за човекови права
- Усвојување на национални стратегии за полова еднаквост и антидискриминација и акциони планови против корупција, трговија со луѓе и семејно насилство.
- Донесување на национална стратегија за вработување со субвенции за вработување на Роми
- Промени во законите за социјална заштита и за образовниот систем кои промовираат социјална вклученост
- Правна заштита на мајките и бремените жени на работа
- Нов закон од 2016 година за спречување на семејно насилство, како и засилени напори за пронаоѓање на исчезнати лица.
Сепак, авторите забележуваат и постојани злосторства од омраза, дискриминација и/или недостаток на правна заштита, особено за Ромите, ЛГБТ и ХИВ+ поединците, лицата со попреченост, внатрешно раселените лица, бегалците и барателите на азил, верските малцинства, а особено жените и децата во овие групи. Тие, исто така, забележуваат загриженост за трговијата со луѓе и трудовата експлоатација, несоодветна примена на законот за азил и заштита на децата кои бараат азил, одбивање на државни пензии за претходно раселените народи, несоодветна правна одговорност за минатите прекршувања на човековите права и ниски нивоа на заштита на правата преку владиниот мониторинг. Овие извештаи содржат предлози за прогресивна работа во насока на подобрување на заштитата на човековите права во Србија,[2] слични на предлозите што се сметаат како примарен услов при преговорите на Србија за влез во ЕУ.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Serbia/Kosovo“. Human Rights Watch (англиски). Посетено на 2017-12-16.
- 1 2 „OHCHR | Serbia Homepage“. www.ohchr.org (англиски). Посетено на 2017-12-16."OHCHR | Serbia Homepage". www.ohchr.org. Retrieved 2017-12-16.
- ↑ „COMMISSION STAFF WORKING DOCUMENT Serbia 2016 Report“ (PDF).