ЧЛЕН 19

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Член 19)

Член 19 е организација за човекови права со седиште во Лондон со специфичен мандат насочен кон заштита и промоција на слобода на изразување и слобода на информирање ширум светот. Организацијата се именува според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права во која се вели дека: "Секој има право на слобода на мислење и изразување; Правото вклучува и слодоба на поседување на сопствено мислење без мешање од страна и право за барање, на примање и на ширење информации и идеи со било кои средства и без ограничувања.

Активности[уреди | уреди извор]


Членот 19 врши мониторинг на законите за слободата на изразувањето ширум светот, потоа лобира кај владите за усвојување на закони кои се во согласност со меѓународните стандарди за слободата на изразувањето;подготвува препораки на правни стандарди кои треба да ги зајакнат медиумите и јавните радио дифузни медиуми треба да биде поткрепа на слободата на изразувањето и достапност на податоците со кои располагаат владините институции. Исто така, организацијата подготвува правни анализи и критики на националните закони , вклучувајќи ги законите за медиуми , обезбедува правни совети за поединци или групи чии права се повредени и обезбедува поддршка за јакнење на капацитети на невладините организации, на судии правници и на новинари , на сопственици на медиуми, потоа на правници кои работат во медиуми,како и на вршителите на јавни функции и на пратеници.

Членот 19 работи во пет регионални канцеларии, посебни програми за Африка, Азија, Европа, Латинска Америка и Средниот Исток. Организацијата работи во соработка со 52 организации од повеќе од 30 земји од светот.

Во јуни 2005 година , Членот 19 се приклучи на повеќе групи за заштита на човекови права од светот, а кои тогаш повикуваа на ослободување од затвор на 60- годишниот бурманскиот опозиционен водач Aung San Suu Kyi .

Членот 19 е еден од основачите на глобалната мрежа на невладини организации International Freedom of Expression Exchange (IFEX) кои ги следат прекршувањата на слободата на изразувањето во светот. Организацијата е член и на Туниска мониторинг група, која ја претставуваат 16 организации кои лобираат за слободата на информирањето кај владата во Тунис за унапредување на човековите права.

Членот 19 е основач на адвокатската мрежата која работи за слободата на информирањето Freedom of Information Advocates (FOIA) Network. Toa e глобален форум кој има за цел да подржи водење кампањи , давање совети и прибирање на средства за пристап до информации, преку размена на информации, идеи и стратегии. ФОИА мрежата има цел да го олесни формирањето регионални или меѓународни коалиции кои се занимаваат со пристапот до изворите на информации.

На 18 ноември 2005 година 80 илјади лица го поддржаа и му се приклучија на Членот 19 во маршот пред зградата на Парламентот во Лондон во знак на протест против неколку закони и прописи кои се предлагаа со образложение дека се носат за „засилување на анти- терористички мерки и за спречување на расната омраза.“, а чие усвојување,според Членот 19 би ја ограничило слободата на изразувањето.

Од јуни 2009 година Членот 19 се сели на познатата улица Фарингтон во Лондон и станува дел од Центарот за слободен збор Free Word Centre промовирајќи ја книжевноста, писменоста и слободата на изразувањето заедно со повеќе други невладини организации.

Дополнувања[уреди | уреди извор]

• Законски прописи за слободата на изразувањето

• Размена на информации за слободата на изразувањето

• Мониторинг група од Тунис

Врски[уреди | уреди извор]

• Членот 19

Адвокатска мрежа за слободата на информирањето

Фридоминфо