Чичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чичка

Чичка или трн е заедничкото име на групата на цветни растенија кои се карактеризираат со лисја со остри боцки на краевите, најмногу во семејството Asteraceae. Боцките се појавуваат на површината на целото растение - на стеблото или на рамните делови на лисјата. Oвие боцки го штитат растението од тревопасни животни, и делува обесхрабрувачки врз тие животни. Обично, ципеста школка во облик на чаша или урна ја држи секоја од пупките на трњата.

Терминот "трн" е понекогаш земен да ги означува точно тие растенија од племето Cynareae (синоним: Cardueae), особено оние од родот Carduus, Cirsium и Onopordum. Меѓутоа, растенијата надвор од ова племе се нарекуваат трња и формираат полифилетична група.

Чичката е национален цвет на Шкотска.