Чифлик Маала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чифлик Маала
Μεσοχώρι
Чифлик Маала is located in Грција
Чифлик Маала
Чифлик Маала
Местоположба во областа
Чифлик Маала is located in Драма (општина)
Чифлик Маала
Местоположба на Чифлик Маала во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°16′N 24°28′E / 41.267° СГШ; 24.467° ИГД / 41.267; 24.467Координати: 41°16′N 24°28′E / 41.267° СГШ; 24.467° ИГД / 41.267; 24.467
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБук
Надм. вис.&10000000000000113000000113 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно105
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Чифлик Маала (грчки: Μεσοχώρι, Месохори )[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 49 километри источно од градот Драма и на 2 километри западно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 113 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Месохори .[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 28 грчки семејства со 137 бегалци од Турција[5]. Во 1928 година селото броело 137 жители, додека во 1940 година селото броело 257 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 433 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 260 жители, во 1971 година имало 220 жители, во 1981 година имало 168 жители, додека во 1991 година имало 280 жители[6]. Денеска, населението на селото е 105 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 257 433 260 220 168 280 228 105
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]