Чистец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски чистец
Македонски чистец.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: Розовидни
Вид: Македонски чистец
Биномен назив
Stachys macedonica
Micevski

Чистец (науч. Stachys)— месен македонски флористички ендемит од семејството на устоцветни растенија (Lamiaceae), кој се развива на варовнички карпи[1], претежно во клисурите на реките. На просторот и во флората на Македонија се три подвидови на чистец, опишани од познатиот македонски флорист, таксоном и фитоценолог академик Кирил Мицевски[2]: 1) Чистец, бабунски (науч. Stachys babunensis) кој се развива на варовничките карпи во клисурата Пешти на реката Бабуна; 2) Чистец, македонски (науч. Stachys babunensis) познат само за околината на Мариово и долината на реката Вардар кај Демир Капија и 3) Чистец, хорватиќев (науч. Stachys horvaticii) познат за клисурите на реките Вардар, Пчиња, Тополка и Бабуна[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Матевски, Владо. (2009). „Чистец, македонски“. Македонска енциклопедија 2: 1625–1626. Скопје: МАНУ.
  2. Micevski, K. (1998): Flora in the Republic of Macedonia. MANU, 1.