Чирлидинг

Чирлидинг (англиски: cheerleading = „навивање, мажоретство“) — динамична дејност каде учесниците, често наречени „чирлидерки“ (или мажоретки),[1][2] ја поддржуваат својата екипа преку бодри изведби. Тоа може да вклучува сѐ, од извикување гесла до високоенергетски физички вежби. Чирлидингот служи за повеќе цели: мотивирање на спортски екипи, забавување на публиката и натпреварување во настани. Изведбите обично траат помеѓу една и три минути, вклучувајќи елементи на акробатика, танц, скокови, скандирања и каскади.
Чирлидингот потекнува од САД и останува првенствено во Америка; од 2017 г. неговите учесници се проценуваат на 3,85 милиони.[3]
Современиот чирлидинг е тесно поврзан со американскиот фудбал и кошарка, иако другите спортови, како што се фудбалот, хокејот на мраз, одбојката, бејзболот и кечот, повремено имаат мажоретски групи. Светското првенство во крикет ICC Twenty20 во 2007 г. во Јужна Африка бил првиот меѓународен настан во крикет што ги претставил мажоретките. Во Главната бејзболска лига, Флорида марлинс била првата екипа што основала мажоретски состав.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1860-тите, студентите од Обединетото Кралство почнале едногласно да навиваат и скандираат за да ги поддржат своите омилени спортисти на спортски настани. Оваа традиција набрзо го направила својот пат до Соединетите Американски Држави.[4] Првиот меѓуфакултетски фудбалски натпревар во САД се одржал на 6 ноември 1869 г., помеѓу Принстонскиот и Ратгерскиот универзитет. За време на овој историски натпревар, студентските мажоретки го извикувале оригиналното веселие „Sis Boom Rah!“ (Сис бум ра!), означувајќи ги раните корени на организираното мажоретство.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „мажоретка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мажоретка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Cheerleading: number of participants U.S. 2017“. Statista (англиски). Посетено на 2020-09-15.
- ↑ „History of Cheerleading“. Lee's Summit High School student projects. Архивирано од изворникот на 2007-02-18. Посетено на 2007-02-18.
- ↑ „First Intercollegiate Football Game; Princeton.edu“. princeton.edu. Архивирано од изворникот 2018-03-14. Посетено на 2014-12-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Чирлидинг“ на Ризницата ? |
|