Чинчорски Брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ознаки
Службен назив: Reserva de la Biosfera Banco Chinchorro
Прогласено:2 февруари 2004
Број1353[1]
Наколни куќи о близина на југозападниот крај на Кајо Сентро на Чинчорскиот Брег.

Чинчорски Брег (шпански: Banco Chinchorro, Банко Чинчоро) ― атолски гребен што лежи на југоисточниот брег на општината Отон П. Бланко во Кинтана Рo, Мексико, во близина на Белиз. Бил прикажан во текот на полудокументарниот филм од 2009 година „Аламар“ на Педро Гонсалес-Рубио.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Гребенот лежи во мексиканските води на 35 км од брегот, во Карипското Море, или околу 80 км источно од градот Четумал. Тоа е приближно 42.2 км долго од север кон југ и приближно 16 км широк во најшироката точка. Зафаќа површина од 800 км2. Атолот има три острови, со вкупна површина од 6.7 км2:

  1. Северен Кајо (Кајо Норте) (всушност две посебни островчиња) (0,9 км²)
  2. Средиштен Кајо (Кајо Сентро) (5.6 км²)
  3. Волчји Кајо (Кајо Лобос) (најјужен) (0,2 км²)

Природната вегетација на островите е во голема мера ризофорна во близина на брегот засенчена во отворени шуми на повеќе од 20 до 30 м од брегот. На најјужниот (и најголемиот) остров има резерват за американски крокодили. Островите (заеднички со многу изолирани тропски острови) се густо населени со мали ракови, кои се питоми и може ненамерно да бидат згазени од посетителите.

Некои од островите се населени со рибари, кои живеат во наколни куќи на околу 60 до 100 м од брегот, за да ги заобиколат месните прописи кои забрануваат приватна изградба.[3]

Потонати бродови[уреди | уреди извор]

Гребенот е дом на најмалку девет потонати бродови, вклучително и два шпански галеони. Имињата на познатите уништени парни бродови се: Калдера, Ескасел, Фет Стар, Џинџер Скру, Глен Вју, Пенелопез, Сан Андреас и Тропик.  Има и голем траект од Косумел кој бил усукан на Чинчорскиот Брег за време на ураганот Вилма. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Reserva de la Biosfera Banco Chinchorro“. Информациска служба за рамскарски места. Посетено на 9 октомври 2022.
  2. Lonely Planet Guide Mexico, Lonely Planet publications, Melbourne, (2005)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

18°35′13″N 87°19′10″W / 18.58694° СГШ; 87.31944° ЗГД / 18.58694; -87.31944