Чинчила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чинчила
Chinchilla lanigera (Wroclaw zoo)-2.JPG
Долгоопашеста чинчила во Зоо Вроцлав во Полска.
Научна класификација
Видови[1][2]
Опсег на двата вида чинчили.
  Кратноопашеста чинчила
  Долгоопашеста чинчила

Чинчилите ― некое од двата вида (кратноопашестата чинчила и долгоопашестата чинчила) крепускуларни глодари на малиот ред Caviomorpha. Тие се малку поголеми и поиздадени од копнените верверички, и потекнуваат од Андите во Јужна Америка.[3] Тие живеат во колонии наречени стада на големи височини до 4,270 м. Историски гледано, чинчилите живееле во област што вклучувала делови од Боливија, Перу, Аргентина и Чиле, но денес, колониите во дивината се познати само во Чиле.[4] Заедно со нивните роднини, вискачите, тие го сочинуваат семејството чинчили. Тие се исто така поврзани со чинчилскиот стаорец.

Чиншилата има најгусто крзно од сите цицачи кои живеат на копно. Во водата, морската видра има погусто крзно.[5] Чинчилата е именувана по народот Чинча на Андите, кои некогаш го носеле своето густо крзно, слично на кадифе.[6] До крајот на 19 век, чинчилите станале доста ретки откако ги ловеле за крајно мекото крзно.[7] Повеќето чинчили што во моментов ги користи крзнената индустријата за облека и други додатоци, се одгледувани на фарма.[8] Домашните чинчили кои потекнуваат од C. lanigera понекогаш се чуваат како домашни миленици и може да се сметаат за еден вид на малечко милениче.

Видови[уреди | уреди извор]

sketch drawings of Chinchilla brevicaudata and Chinchilla lanigera, emphasizing the distinct features of each species. brevicaudata is shown excessively fat or fluffy and lanigera mouse like with a perky tail
Споредба на видовите чинчила.

Двата живи вида на чинчила се краткоопашестата чинчила (порано позната како Chinchilla brevicaudata) и долгоопашестата чинчила.[9] C. chinchilla има пократка опашка, подебел врат и раменици и пократки уши од C. lanigera. Првоспоменатиот вид во моментов се соочува со истребување; второто, иако ретко, може да се најде во дивината.[10] Се смета дека домашните чинчили се од видот на долгоопашестата чинчила.[11]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Живеалиште на чинчилата во Андита на Чиле.

Порано, чинчилите ги зафаќале крајбрежните региони, ридовите и планините на Чиле, Перу, Аргентина и Боливија. Преголемата експлоатација предизвикало пад на овие населенија и уште во 1914 година, еден научник тврдел дека видот се упатува кон истребување. Пет години работа на терен (објавена во 2007 година) во покраината Хухуј, Аргентина, не успеал да најде ниту еден примерок. Се сметало дека населението во Чиле исчезнало до 1953 година, но било откриено дека животното живее во област во регионот Антофагаста кон крајот на 1900-тите и раните 2000-ти. Животното може да изумре во Боливија и Перу, иако еден пронајден примерок (во ресторан во Серо де Паско) може да потекнува од домородно население.[4]

Во нивните родни живеалишта, чинчилите живеат во дупки или карпести пукнатини. Тие се агилни скокачи и можат да скокаат до 180 см. Грабливци во дивината вклучуваат птици грабливки, творови, мачки, змии и кучиња. Чинчилите имаат различни одбранбени тактики, вклучувајќи прскање на урина и ослободување крзно доколку бидат каснати.[12] Во дивината, забележано е дека чинчилите јадат лисја од растенија, овошје, семиња и мали инсекти.[10]

Во природата, чинчилите живеат во социјални групи кои личат на колонии, но правилно се нарекуваат стада. Големините на стадото може да се движат од 14 члена до 100, ова е и за социјална интеракција, како и за заштита од грабливци.[13] Тие можат да се размножуваат во кое било време од годината. Нивниот период на бременост е 111 дена, подолг од повеќето глодари. Поради оваа долга бременост, чинчилите се раѓаат целосно крзно и со отворени очи. Леглата обично е мала по број, претежно две.[14]

Зачувување[уреди | уреди извор]

Краткоопашеста чинчила, класифицирана како „загрозена“ од страна на МСЗП, во Чиле во 2007 година.

И двата вида чинчила моментално се наведени како загрозени од Црвен список на загрозени видови на МСЗП поради сериозна загуба на население приближно на 90% загуба на светското население во последните 15 години. Тешкиот пад на населението е предизвикан од лов на чинчили од страна на луѓе. До 1996 година, тие биле наведени како неопределени на Црвениот список на МСЗП. Во 2006 година, долгоопашестиот подвид бил наведен како ранлив, додека краткоопашестиот подвид бил наведен како критички загрозен. До 2008 година и двете биле наведени како критички загрозени, а во 2016 година биле преквалификувани во загрозени поради ограничено закрепнување во некои области.[15][16]

Улоги кај луѓето[уреди | уреди извор]

Како домашни миленици[уреди | уреди извор]

Сребреномозаична чинчила.

Домашната чинчила потекнува од долгоопашестата чинчила и повообичаената во дивината откако другиот вид краткоопашеста чинчила била ловена скоро до истребување. Затоа, домашните чинчили имаат потенки тела, подолги опашки и поголеми уши.

Чинчила во Зоо Скопје.

Чинчилите се познати домашни миленици, иако имаат потреба од опширно вежбање и стоматолошка заштита,[17] поради забите кои постојано растат во текот на нивниот животен век, и бидејќи немаат можност за потење, потребна е средина контролирана од температурата.[18]

Животните инстинктивно го чистат крзното правејќи бањање со прашина, во кои се тркалаат наоколу во специјална прашина направена од ситна пемза, неколку пати неделно; тие не се капат во вода. Нивното дебело крзно се спротивставува на паразитите, како што се болви, и го намалува лабавиот првут.[19]

Во научните истражувања[уреди | уреди извор]

Чинчилите се користат во истражувањето од 50-тите години на минатиот век. Од 1970-тите, најголемиот интерес за чинчилите од страна на истражувачите е нивниот систем за слух.[20] Други истражувачки полиња во кои чинчилите се користат како животински модел вклучуваат проучување на чагасовата болест, гастроинтестинални заболувања, пневмонија и листериоза, како и инфекции со јерсинија и псевдомонас.[21]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Roach, N.; Kennerley, R. (2016). Chinchilla chinchilla. Црвен список на загрозени видови. 2016: e.T4651A22191157. doi:10.2305/IUCN.UK.2016-2.RLTS.T4651A22191157.en.
  2. Woods, C. A. and Kilpatrick, C. W. (2005). Infraorder Hystricognathi. In: D. E. Wilson and D. M. Reeder (eds), Mammal Species of the World, pp. 1538–1599. The Johns Hopkins University Press, Baltimore, MD, USA.
  3. Public Domain Chisholm, Hugh, уред. (1911) Енциклопедија Британика (XI уред.) Cambridge University Press 
  4. 4,0 4,1 Patton, James L.; Pardiñas, Ulyses F. J.; D'Elía, Guillermo (2015). Rodents. Mammals of South America. 2. University of Chicago Press. стр. 765–768. ISBN 9780226169576.
  5. Harding, Naomi (June 8, 2016). „Which land mammal has the thickest fur?“. animalanswers.co.uk. Архивирано од изворникот на 13 јули 2016. Посетено на 5 мај 2021.
  6. „What Is A Chinchilla?“. Davidson Chinchillas. Архивирано од изворникот на 27 мај 2012. Посетено на 5 мај 2021.
  7. „Chinchilla Facts – The Top 10 Interesting Facts About Chinchillas“. Chinchilla.co. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 5 мај 2021.
  8. Jiménez, Jaime E. (1996). „The extirpation and current status of wild chinchillas Chinchilla lanigera and C. brevicaudata (PDF). Biological Conservation. 77 (1): 1–6. doi:10.1016/0006-3207(95)00116-6. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-07-10. Посетено на 2021-05-05.
  9. „All You Need to Know About Caring for Chinchillas“. Apbc.org.uk. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 5 мај 2021.
  10. 10,0 10,1 „Chinchilla (Chinchilla lanigera)“. Comparative Mammalian Brain Collections. Посетено на 5 мај 2021.
  11. Chinchillas, Chinchillidae, Chinchilla lanigera, Chinchilla brevicaudata.
  12. „Is a Chinchilla the pet for me?“. Fantastic Chinchillas. Архивирано од изворникот на 12 јануари 2008. Посетено на 5 мај 2021.
  13. „Chinchilla Habitat“. Chinchilla Chronicles. Посетено на 5 мај 2021.
  14. „The Chinchilla“. Chinchilla Lexicon. 1 мај 2003. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2008. Посетено на 5 мај 2021.
  15. Црвен список на загрозени видови. Отсутно или празно |title= (help)
  16. Црвен список на загрозени видови. Отсутно или празно |title= (help)
  17. „Teeth“. Homepage.ntlworld.com. Архивирано од изворникот на 3 мај 2008. Посетено на 5 мај 2021.
  18. Heat Stroke.
  19. Chinchillas: The keystone cops of rodents!
  20. Suckow, Mark A.; Stevens, Karla A.; Wilson, Ronald P. (2012). The Laboratory Rabbit, Guinea Pig, Hamster, and Other Rodents. Academic Press. стр. 949. ISBN 9780123809209.
  21. „In Scientific Research“. University of Maryland, Baltimore County. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 5 мај 2021.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Kraft, Helmut (1987). Diseases of Chinchillas. Translated by U. Erich Friese. Neptune City, NJ: T.F.H. ISBN 978-0866224925.978-0866224925
  • Саундерс, Ричард. „Veterinary Care Of Chinchillas.“. In Practice (0263841X) 31,6 (2009): 282–291. Academic Search Complete. Web. 19 април 2016 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]