Магаревски чинар
| Чинар | |
|---|---|
Црквата со двата најстари чинари во дворот | |
| Место | Магарево, Општина Битола |
| Најблизок град | Битола |
| Координати | 41°04′38.74″N 21°14′08.32″E / 41.0774278°N 21.2356444°E |
| Ознака | споменик на природата |
| Прогласено | 1983 |
Магаревски чинар — природна реткост во вид на чинар кое се наоѓа во селото Магарево, Општина Битола.[1] Тој е најстариот од чинарите во дворот на црквата „Св. Димитриј” во село Магарево.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Чинарот се наоѓа во дворот на црквата „Св. Димитриј” во село Магарево, во десната страна од дворот каде што се наоѓа базенот за фрлање на крстот. Заобиколен со заштитен камен ѕид и во летните и жешки денови нуди добра и дебела ладовина на луѓето кои се одмараат под него. Поради тоа што се наоѓа во дворот на црквата во селото, неговата големина, старост и добра зачуваност го прави да има голема не само природна вредност, туку и културно-историска.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Крошната на чинарот е издолжено елипсовидна со долги гранки и до 15 м. Гранките неправилно спирално свиени, на висина од 6 м се разгрануваат како еленски рогови. Главните гранки чаталесто разгранети со правец запад-исток. Самото дрво е високо 20 м, стеблото е високо 2 м, а висината на крошната е 18 м. Обемот на крошната е 72 м, а ширината мерена кон: север 9,5 м, исток 12,5 м, југ 14,0 м, запад 10,3 м.[2]
Во основа кореновиот врат на стеблото има обем од 5,7 м, пречник 1,8 m, а обемот на градна височина е 5,4 м, пречник 1,6 м.
Кората по стеблото е многу ситно испукана, речиси мазна со сиво-кафеавкаста боја. Гранките се мазни, зеленкаво сиви со маскирна боја. [2]
Историја
[уреди | уреди извор]Дрвото најверојатно било посадено во дворот на црквата со улога да претставува место каде ќе се собира месното население, пред сè од маалото, но и од останатите делови од селото и непосредната околина. Со својата импозантност пред сè голема крошна и дебело стебло го привлекува вниманието. Поради тоа што се наоѓа во дворот на црквата во селото, неговата големина, старост и добра зачуваност го прави да има голема не само природна вредност, туку и културно-историска. Во Македонија, вообичаено било чинарите да се засадуваат на одредени места каде има големо движење на луѓе или пак тие места претставувале своевидно собиралиште на народот.[2]
Проценка на староста
[уреди | уреди извор]Официјални податоци за староста на овој чинар не постојат.
За утврдување на староста (возраста) на чинарот се користела методата на вадење извртоци од стеблото со Преслеров сврдел и броење на годовите, па староста е проценета на приближно 420 години.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Р Е Ш Е Н И Е ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТАНОВО СТЕБЛО – ПЛАТАН ВО С. МАГАРЕВО, ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ“ (PDF). Службен весник на Македонија. 5 мај 2023. Посетено на 17 март 2026.
- 1 2 3 4 5 -Елаборат-за-валоризација-на-Платаново-стебло-во-с.-Магарево-општина-Битола.pdf „Елаборат за валоризација на Платаново стебло (Platanus orientalis L.) с. Магарево, општина Битола“ Проверете ја вредноста
|url=(help) (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 13 ноември 2025.
