Чинарски инцидент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чинарски инцидент
Дел од Востанија против Османлиската Империја
Датум 1656
Место Истанбул, Османлиска империја
Завојувани страни
*Јаничари  Османлиско Царство
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато
непознато

Чинарскиот инцидент претставува инцидент кој се случил во текот на 17 век во Османлиската Империја.

Позадина[уреди | уреди извор]

За време на Критската војна (1645-1669) се зголемиле воените трошоци на империјата која започнала да ги чуствува првите економски тешкотии. Властите на империјата, пред се големите везири и мајката на Мехмед IV, Турхан Хатиџе султан не можеле да најдат решение. По егзекуцијата на реформистичкиот везир Турхончу Ахмед-паша, кој се обидел да ги намали трошоците за плата на војниците, единствено предложено решение било девалвација.[1] Така вредноста на злато во монети било намалено. Новите монети биле познати како црвени монети, но одложувањето на исплата на платите продолжило девет месеци. Од друга страна црвените монети не биле прифатени на истанбулските пазари.[1]

Инцидент[уреди | уреди извор]

Инцидентот се случил кога една група на војници кои неодамна биле вратени од војната на Крит во 1656 година ги испратиле своите претставници во палатата на султанот и побарале исплата на платите, но тие биле протерани од страна на Осман ага кој служел како стражар. Ова предизвикало бунт на 26 февруари 1656 година, а на 4 март бунтовниците побарале средба со султанот. За време на состанокот тие ја презентирале листата од 30 мажи кои ги сметале како одговорни за економската криза во земјата и повикале тие да бидат погубени[2]. Младиот султан прифатил разрешување на дел од нив, вклучувајќи го и Осман ага но се обидел да ги спаси нивните животи. По ова, лутите бунтовници успеале да убијат дел од имињата на листата[3].

По настанот[уреди | уреди извор]

По крајот на инцидентот се заклучило дека краткотрајните улоги на големите везири биле доста неефикасни, па Турхан Хатиџе султан го именувал Ќопрулу Мехмед-паша за нов везир, кој ја прифатил функцијата под услов таа да не се меша во работите на неговата администрација. По ова следувал нов период од историјата на империјата познат како Ќопрулски период.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, pp 111-120
  2. Gabon Anaston-Bruce Masters:Encyclopaedia of the Ottoman Empire, ISBN 0-8160-6259-5, p.370
  3. On line history (турски)