Прејди на содржината

Чилдирски Пашалак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Eyālet-i Čildir
Пашалак на на Османлиското Царство

1578–1845
 

Местоположба на Чилдирски Пашалак
Местоположба на Чилдирски Пашалак
Чилдирскиот Пашалак во 1609
Главен град/седиште Чилдир 1578-1628;
Ахалцихе 1628-1829
Олту 1829-1845
Составни делови {{{entities}}}
Историја
 - Битка кај Чилдир 1578
 - Укината 1845

Чилдирскиот Пашалак (отомански јазик: ایالت ایالت چلدر; Eyālet-i Čildir[1]) бил пашалак на Отоманското Царство во Југозападен Кавказ. Областа на поранешниот Чилдирски Пашалак сега е поделена меѓу Самцхе-Џавахетија и Аџарија во Грузија и провинциите Артвин, Ардахан и Ерзурум во Турција. Административен центар бил градот Чилдир помеѓу 1578-1628, Ахалцихе помеѓу 1628 и 1829 и Олту помеѓу 1829-1845 година.

Османлиите го презеле регионот околу Ахалцихе од Кнежевство Гурија, вазална земја на Сефевидите. Во 1578 година, кога новата покраина била основана, Османлиите го назначиле поранешниот грузиски принц Минучир (кој го зел името на Мустафа по примање на исламот) како прв гувернер[2].

Во текот на Руско-турската војна (1828-1829), Русите ја окипирале покраината. Административниот центар се пресели од Ахалцихе, кој бил отстапен на Русија па по ова истиот се пременстил во Олту. Поголемиот дел од пашалакот бил отстапен на Русија, додека останатиот дел бил приклучен кон Карскиот Пашалак.

  1. The penny cyclopædia, стр. 180, на Гугл Книги, Society for the diffusion of useful knowledge
  2. Encyclopedia of the Ottoman Empire, стр. 141, на Гугл Книги By Gábor Ágoston, Bruce Alan Masters