Чизми преку колена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Благородникот Ернст Казимир во чизми за јавање преку колена

Чизми преку колена се вид на долги чизми, кои во потполност или делумно ги покриваат колената.

Првобитно настанале како чизми за јавање во 15 век. Во втората половина од 20 век почнале да стануваат модни чизми за жените. Исто така се корисат како работни чизми во околностите, кои бараат дополнителна заштита за нозете (на пр. рибарски чизми за во вода). Се користеле и во војните, за да ги ублажат падовите од коњ. Имале заштитно зајакнување во случај на ранување со огнено оружје. И денес, многу од коњаничките пуковници и понатаму ги имаат овие високи чизми во склоп на свечените одела.[1]

Чизмите за јавање преку колена биле широко распространети во 17 и 18 век, а се користеле до крајот на 19 век. Ги носеле и гусарите и мускетарите. Чизмите преку колена се носеле и во театарските и оперските претстави, ги носел на пр. Рудолф Нурејев во Лебедовото езеро.

Станале дел од женската мода во раните 1960. Во текот на наредните три децении, популарноста на чизамите преку колена во модата ратела и опаѓала. Во раните 1970, во Лондон многу биле популарни чизмите преку колена од антилоп и платно. Повторно станале популарни кон крајот на 1980та и почетокот на 1990та.

Во 2009година, чизмите преку колена станале многу популарни и атрактивни како дел од женската зимска обувка.[2] Трендот продолжил и во наредните години.

Постојат и гумени водонепропустливи, рибарски чизми преку колена, кои ги користат риболовците, рибарите, екологистите и заштитниците на природата во подрачјата на реки, езера и мочуришта.

Постојат слични заштитни чизми, кои се користат во хемиската индустрија, полјоделството, при одржување на водоводи, канализации и сл.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ^ Cox, Caroline (2008). Vintage Shoes. New York: Harper Collins. стр. 138. ISBN 978-0-06-166576-9.
  2. http://www.whowhatwear.com/website/full-article/trend-report-over-the-knee-boots/ Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) Preuzeto 30. октобра 2012.

Литература[уреди | уреди извор]