Чешањето на седмата година (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Чешањето на седмата година (англиски: The Seven Year Itch) - американски филм од 1955 година, во режија на Били Вајлдер, кој автор и на сценариото, заедно со Џорџ Акселрод (според неговата истоимена драма). Главните улоги ги играат: Мерилин Монро и Том Јуел. Филмот освоил еден „Златен глобус“ (Јулер во категоријата најдобар актер во комедија или мјузикл).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ричард Шерман (го игра Јуел) е семеен човек кој штотуку го испратил своето семејство на летен одмор. Тогаш, случајно ја запознава убавата, млада сосетка (ја игра Монро). Тој ја кани девојката дома, каде се обидува да ја бакне. Утредента, тој повторно ја поканува девојката, која останува да спие во неговиот дом, а тој тешко се воздржува од желбата да ѝ се додворува. Меѓутоа, кога таа му кажува дека го смета за пријатен, симпатичен и привлечен маж, тој одлучува да замине кај своето семејство.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]