Четири пердуви
Четири пердуви (англиски: The Four Feathers) – филм од 2002 година, во режија на Шехар Капур. Главните улоги ги толкуваат Хит Леџер, Вес Бентли и Кејт Хадсон.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]
Филмот претставува приказна за дезертерството на еден британски офицер, сместена кон крајот на 19 век во Африка. По своето бегство, тој добива четири бели пердуви од неговите пријатели и од свршеницата, како симбол на неговиот предавнички чин.[2]