Четиринаесетти пешадиски македонски полк
Четиринаесеттиот пешадиски македонски полк (бугарски: Четиринадесети пехотен македонски полк, порано и Четиринадесети пеши македонски полк) е поранешна воена единица на Бугарската армија која учествувала во двете балкански војни (1912–1913 односно 1913) и двете светски војни (1915–1918 односно 1941–1945).
Формирање и развој
[уреди | уреди извор]
Четиринаесеттиот пешадиски македонски полк е формиран со указ од 19 јануари 1889 година. Полкот е составен од Втората и Третата дружина на Тринаесеттиот пешадиски рилски полк, кои соодветно станале Прва и Втора дружина на Четиринаесеттиот пешадиски македонски полк.[1]
Гарнизонот на полкот од 1889 година се наоѓа во западниот бугарски град Радомир. Во 1896 година штабот на полкот е преместен во Софија. Од 1904 година, гарнизонот на полкот се наоѓа во западниот бугарски пограничен град Дупница.
Балкански војни (1912–1913)
[уреди | уреди извор]
За време на мобилизацијата на Бугарската армија за Првата балканска војна (1912–1913), Третата и Четвртата дружина од Петтиот дунавски пешадиски полк биле припоени кон Четиринаесеттиот пешадиски македонски полк. Во текот на Првата балканска војна, полкот бил дел од Седмата пешадиска рилска дивизија.
По почетокот на војната, полкот ја преминал тогашната бугарско-османлиска граница и напредувал кон запад, заземајќи ги македонските градови Делчево (тогаш Царево Село) и Кочани, како и други места во Македонија.
Полкот останал во источните предели на Македонија и во текот на Втората балканска војна (1913) водел неколку битки во овие краишта.
Прва светска војна (1915–1918)
[уреди | уреди извор]
Полкот учествувал во Првата светска војна (1915–1918) како дел од Втората бригада на Седмата пешадиска рилска дивизија.
Меѓу двете светски војни
[уреди | уреди извор]Втора светска војна (1941–1945)
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Тодоров, Т.; Александрова, Я. (1977). Пътеводител на архивните фондове, 1877–1945 г. (PDF) (2. изд.). София: Военно издателство. стр. 36–37.