Четирилисна разноротка
| Четирилисна разноротка | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Marsilea |
| Вид: | Четирилисна разноротка |
| Научен назив | |
| Marsilea quadrifolia L. | |
Marsilea quadrifolia е тревесто растение кое природно се среќава во централна и јужна Европа, Кавказ, западен Сибир, Авганистан, југозападна Индија, Кина, Јапонија и Виетнам, иако се смета за плевел во некои делови од Соединетите Американски Држави, каде што е добро воспоставена на североисток повеќе од 100 години.[2] Не е вид детелина.
Опис
[уреди | уреди извор]Овој вид водна папрат има четириделни листови слични на „детелина со четири листа“ (Trifolium). Листовите пловат во длабока вода или се исправени во плитка вода или на копно.
Стеблото е долго и ползечко, слабо разгрането, на горната страна со листови во два реда, а на долната со разгранети корења. Листовите се голи, со дршки долги 7-20 см, секој лист со четири ливчиња како кај детелина, а ливчињата се долги 1-2 см.[3]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по влажни и мочурливи места, по оризишта, канали и покрај езера. Ова е широко распространето растение, и обично ги населува потоплите места. Се среќава во крајбрежниот регион на Дојранско Езеро, Моноспитовско Блато, Кочанско, Штипско и Битолско. [3]
Употреба
[уреди | уреди извор]На некои места се користи како храна повеќе од 3000 години. Се вели дека растението делува противвоспалително, диуретично, и како антипиретик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gupta, A.K. (2011). „Marsilea quadrifolia“. Црвен список на загрозени видови. 2011. doi:10.2305/IUCN.UK.2011-1.RLTS.T161864A5505853.en. Посетено на 23 January 2024. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=(help); Занемарен непознатиот параметар|article-number=(help) - ↑ „Non-indigenous Aquatic species“. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 2017-09-04.
- 1 2 Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 74-75, МАНУ, Скопје, 1985
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Четирилисна разноротка“ на Ризницата ? |
- Природни аквариуми
- Ботаничко друштво на Конектикат - добри фотографии Архивирано на 7 мај 2015 г. Archived
- фотографии
- Флора на Северна Америка - корисни информации за идентификација
|