Четворицата апостоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Четворицата апостоли“
„Четворицата апостоли“, Албрехт Дирер, 1526 г. Секоја табла е 215 x 76 см, масло на липино дрво. Стара ликовна галерија, Минхен.

„Четворицата апостоли“ — слика од германскиот ренеаснсен мајстор Албрехт Дирер. Завршена е во 1526 г.

Кога Дирер се преселил во Нирнберг, таму насликал голем број на славни слики, меѓу кои и неколку автопортрети. Ја подарил сликата „Четворицата апостоли“ на градскиот совет. Св. Јован и Св. Петар се на левата табла, додека ликовите на десната се Св. Марко и Св. Павле. Јован и Павле држат библии, додека Марко и Петар ја читаат насловната страница на Јовановото евангелие.