Прејди на содржината

Честевски чинар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Честевски чинар
МестоЧестево
Најблизок градВаландово
Координати41°29′32.64″N 22°57′24.95″E / 41.4924000°N 22.9569306°E / 41.4924000; 22.9569306
Ознакаприродна реткост
Прогласено5 мај 2023 (5 мај 2023)
Карта

Честевски чинарплатан во селото Честево прогласен за природна реткост под името „Платаново стебло – Платан, с. Честево, Општина Валандово“. Со природната реткост управува Општина Валандово, а во име на општината, градоначалникот на Општина Валандово.[1].

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Чесневскиот чинар се наоѓа во селото Честево, во зона на активно земјотделско земјиште. Во непосредна близина на чинарот се наоѓаат лозја и овоштарници.[2]

Крошната на платанот е силно разгранета скоро од основата на деблото. Самото дрво е високо 18,0 м, деблото е високо 1,8 м, а висината на крошната е 16,2 м. Обликот на крошната е полутопчест. Обемот на крошната е 95,7 м, а ширината мерена кон: [2]

  • Север 13,6 м
  • Исток 15 м
  • Југ 14,3 м
  • Запад 15,4 м

Во основа кореновиот врат на деблото има обем од 9,0 м, пречник на кореновиот врат 2,86 м, обемот на градна височина е 8 м, пречник на градна височина 1,27 м.

Кората по деблото е многуаглоно испукана со ситни сивокафеави точки. Гранките се сивопепелави, скоро мазни, со слабо лушпесто испукана кора.[2]

Проценка на староста

[уреди | уреди извор]

Официјални податоци за староста на овој чинар не постојат.

За утврдување на староста (возраста) на чинарот, при изработката на „Елаборатот за ревалоризација на Платаново стебло (Platanus orientalis L.) во Центар Валандово, Општина Валандово“, во 2021 година, се користела методата на вадење извртоци од стеблото со Преслеров сврдел и броење на годовите. Извртокот бил долг 5,7 см и на него биле изборојани 56 гододи, па староста на чинарот била проценета на приближно 710 години.[2]

Состојба на чинарот

[уреди | уреди извор]

Нема оштетувања по деблотo, има една дебела гранка која при основата е сува и искршена, исечена за вадење на мед. Во основата на деблото има појава на две карпофори (габи) како резултат на деструкција на мртва кора по деблото. Забележена е појава на ларви и инсекти само по оштетените делови од стеблото. Нема други позначајни оштетувања од абиотски и биотски фактори.[2]

  1. „Р Е Ш Е Н И Е ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТАНОВО СТЕБЛО– ПЛАТАН ВО С. ЧЕСТЕВО, ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ“ (PDF). Службен весник на Македонија. 5 мај 2023. Посетено на 13 април 2026.
  2. 1 2 3 4 5 „Елаборат за ревалоризација на Платановo стеблo (Platanus orientalis L.) во село Честево, општина Валандово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2021. Посетено на 13 април 2026.