Черушнички манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Успение на Пресв. Богородица
Черушнички манастир
Παναγία Μικροκάστρου
40°15′40″ СГШ; 21°29′45″ ИГД / 40.2611° СГШ; 21.4958° ИГД / 40.2611; 21.4958Координати: 40°15′40″ СГШ; 21°29′45″ ИГД / 40.2611° СГШ; 21.4958° ИГД / 40.2611; 21.4958
МестоЧерушница, Населичко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1753
Управа
ЕпархијаШишанско-сачишка

Черушнички манастир или „Успение на Пресв. Богородица“ (грчки: Μονή Κοιμήσεως Θεοτόκου Μικροκάστρου) — манастир во Населичко, Егејска Македонија.[1][2][3] Денес ѝ припаѓа на Шишанско-сачишката епархија‎ на Цариградската патријаршија.

Манастирот е сместен во јужните падини на планината Сињак кај селото Черушница (денес Микрокастро) во општината Горуша на Кожанскиот округ, денешна Западна Македонија, Грција. Лежи на неколку стотини метри југозападно од селото и на исто толку од брегот на реката Бистрица. Основан е во 1753 г.[4] Манастирската црква е изградена во 1797 г. и има живопис со извонреден квалитет. Во иконостасот е вградена постара икона на Богородица од 1603 г., која се смета за чудотворна.

Во 1993 г. станал женски манстир.[2] Според пописот од 2011 г. во него има 26 калуѓерки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μονή Μικροκάστρου“. Θρησκευτικός Τουρισμός. конс. 31 декември 2014. 
  2. 2,0 2,1 „Ιερά Μονή Παναγίας Μικροκάστρου“. Μοναστήρια της Ελλάδος. конс. 26 јуни 2017. 
  3. „Εκκλησίες Κοζάνης“. Δυτική Μακεδονία: Μνημεία, παράδοση, εκδρομές, δραστηριότητες. конс. 17 февруари 2018. 
  4. ΤΟ ΜΙΚΡΟΚΑΣΤΡΟ - Ι.Μ. ΚΟΙΜΗΣΕΩΣ ΤΗΣ ΘΕΟΤΟΚΟΥ ΜΙΚΡΟΚΑΣΤΡΟΥ