Черниговски национален педагошки универзитет

Координати: 51°30′3″N 31°18′58″E / 51.50083° СГШ; 31.31611° ИГД / 51.50083; 31.31611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Черниговски национален педагошки универзитет
„Т.Г. Шевченко“
Чернігівський національний педагогічний університет ім. Т.Г. Шевченка
Главната универзитетска зграда
Поранешно име
Черниговски државен педагошки универзитет
Виддржавна педагошка академија
Основан1700 (Черниговски колегиум)
1916 (Учителски институт)
РекторНиколај Носко
Студенти6.000[1]
МестоЧернигов, Украина
51°30′3″N 31°18′58″E / 51.50083° СГШ; 31.31611° ИГД / 51.50083; 31.31611
chnpu.edu.ua

Черниговски национален педагошки универзитет „Т.Г. Шевченко (украински: Чернігівський національний педагогічний університет ім. Т.Г. Шевченка) — високообразовна установа во Чернигов, северна Украина.

Историја[уреди | уреди извор]

Како установа, универзитетот произлегол од Черниговскиот колегиум, основан во 1700 г. по урнек на Киевско-могиланската академија. Колегиумот одиграл важна улога во втемелувањето на вишето образование во Левожбрежна Украина. Негови основачи се Л. Баранович, И. Максимович, А. Стаховски, Ј. Галјатовски.

Во 1786 г. колегиумот е претворен во учителска школа (богословија). Новите општествено-стопански услови и културни потреби на почетокот на XX век наложиле суштинско преуредување на предагошкото образование. Подготовката на учители ја презел Учителскиот институт (1916), кој почнал со дејноста како установа од виш среден вид со јазично-историско, физичко-математичко и географско одделение. Создадената установа ја наследила библиотеката на учителската школа.

Во 1919 г. излегло првото поколение од 13 советски воспитаници, а установата е реоргаизирана во четиригодишна педагошка академија.

Во следниот период, установата повторно претрпела реорганизација: во 1920 г. — институт за народна просвета, во 1930 г. – институт за општествена просвета, во 1933 г. — пегадошки, во 1935 г. — учителски, а во 1939 г. — обединет учителски и педагошки. Во 1954 г. установата добива педагошки статус со одлука на Колегиумот на Министерството за образование на УССР. Na 13 март 1998 г. педагошкиот институт го добил статусот на државен педагошки универзитет, и наречен по истакнатиот преродбенички деец Тарас Шевченко. Во јануари 2010 г. звањето „државен“ е сменето во „национален“[2].

Одделенија[уреди | уреди извор]

Установата има современа материјално-техничка база: три учебни и еден спортски отсек, околу 20 сметачки училници. Библиотеката има фонд од 750.000 единици. Има уредничко-издавачки центар и Астрономски научноистражувачки центар. Универзитетот издава периодика во 5 области. Има три студентски дома, спортски капацитети, како и студентска амбуланта и аптека. Стручната подготовка се одвива во вкупно 27 области.

Структура[уреди | уреди извор]

Познати воспитаници[уреди | уреди извор]

  • Олекса Десњак (1909—1942) — писател.
  • Иљја Стебун (1911—2005) — писател, литературен научник, професор.
  • В. А. Дјадиченко — историчар и профессор.
  • Фјодор Лос (1908—1980) — историчар, професор и заслужен научен деец на УССР.
  • Фјодор Москаленко — филозоф, профессор.
  • П. А. Миргородски — поранешен заменик-министер за образование на УССР.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. податок за учебната 2006-2007 година
  2. Указ Президента України від 8 січня 2010 року № 9/2010 «Про надання Чернігівському державному педагогічному університету імені Т.Г. Шевченка статусу національного»

Надворешни врски[уреди | уреди извор]