Прејди на содржината

Червен Брјаг

Координати: 43°16′50″N 24°05′00″E / 43.280635° СГШ; 24.083301° ИГД / 43.280635; 24.083301
Од Википедија — слободната енциклопедија
Червен Брјаг
Червен бряг
град
Поглед на црквата „Св. Софрониј Врачански“ во градот
Поглед на црквата „Св. Софрониј Врачански“ во градот
Червен Брјаг is located in Бугарија
Червен Брјаг
Червен Брјаг
Местоположба на Червен Брјаг во Бугарија
Координати: 43°16′50″N 24°05′00″E / 43.280635° СГШ; 24.083301° ИГД / 43.280635; 24.083301
ЗемјаБугарија
ОбластПлевен
ОпштинаЧервен Брјаг
Управа
 • ГрадоначалникЉубка Александрова (БСП)
Површина
 • Вкупна40,760 км2 (15,738 ми2)
Надм. вис.&10000000000000187000000187 м
Население (2022)
 • Вкупно12,705
 • Густина310/км2 (810/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код5980
Повик. бр.+359 0659
Мреж. местоchervenbryag.bg

Червен Брјаг (бугарски: Червен бряг) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Червен Брјаг во Плевенската Област. Има население од околу 12.705 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Червен Брјаг се наоѓа на границата меѓу Предбалканот и централниот дел на Дунавската Рамнина, на десниот брег на реката Искар и нејзината притока реката Златна Панега.

Градот се наоѓа на 55 километри од регионалниот центар Плевен и 137 километри од главниот град Софија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Червен Брјаг за прв пат бил спомнат во османлискиот даночен регистар од 1430 година. Во средината на 16 век во османлиските документи бил заведен како село Доброл’к, тимар на казата Мраморница. Во крајот на 16 век бил вклучен во регистарот на војнуци како село Червен Брјаг во Никополскиот санџак. Името на населбата доаѓа од црвеникавата глина ископана во нејзина близина.

Модерниот град бил основан во 1899 година од Иво Попович и Марко Марков, на 3 километри западно од селото како станица на железничката линија СофијаВарна во изградба, а во следните години таа станала жив пазар за житарки, домашни животни, кожурци и други земјоделски производи. Со Указ бр. 402 на премиерот Андреј Љапчев од 26 јуни 1929 година, станицата Червен Брјаг добила статус на град. Тогаш нему му се придружило старото село Червен Брјаг, денес 5-то маало — Источна зона.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]