Чемерно (превој)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чемерно

Чемерно е превој во источна Херцеговина, на југозападниот рабен дел на котлината Чемерно, помеѓу планината Живањ и Лебршник. Превојот е висок 1.293 метри.

Превојот е составен дел од хидролошки разводник на црноморскиот и јадранскиот слив, исто така на климатските и фито географските граници помеѓу континентално-планинските влијанија од север и медитеранските од југ.

Планинскиот превој Чемерно разделува три географски обаласти, на исток и југ се наоѓа Источна Херцеговина, на запад Стара Херцеговина, а на север е Подриње, односно сливот на реката Дрина. Планинскиот превој Чемерно се наоѓа помеѓу Националниот парк Сутјеска и Националниот парк Дурмитор. Во непосредној близини, северно од планинскиот превој Чемерно се наоѓа преминот Шќепан поље кој ја поврзува Фоча со Никшиќ.

Историја[уреди | уреди извор]

Според усното предание на локалните жители, називот Чемерно потекнува од верувањата дека српските мајки ги прателе турските каравани кои во јаничари ги одведувале српските деца од Херцеговина по пат кон Цариград. Изнемоштени од напорниот пат и угорнината, српските мајки паѓале по друмот и велеле „Куку мени чемерној! Јадна ти сам чемерна!".[1]

На Чемерно се наоѓа познатата метеоролошка станица од 1892 година и фенолошката станица од 1959 година.

Превојот е најповолен природен премин од Гатачко поле во долината на Сутјеска и Дрина. По тој правец поминувал дубровничкиот друм. Во 1958 година, изграден е асфалтниот пат кој го поврзува Дубровник со Босна и Херцеговина и Србија.

Патот кој водел преку планинскиот превој Чемерно и служел за поврзување на локалните жители од Источна и Стара Херцеговина, а кој е изграден за време на Југославија, пропаднал. Владата на Република Српска преку Министерството за сообраќај и врски на Република Српска ја финансирала обновата на стариот пат и изградбата на новите делници. Јавното претпријатие „Патишта на Република Српска“ го изработило планот за обновата и на тендерот го избрало требињското претпријатие „Херцеговина патишта“ кое во 2009 година ја извршило работата за обнова и изградба на новите делници на планинскиот превој Чемерно.[1] За одржување на патот на планинскиот превој Чемерно се грижи јавното претпријатие „Патишта на Република Српска“, кое воедно е надлежно за сите патишта во Република Српска. На ден 10 октомври 2013 година, два месеци по званичното отворање на новата делница на патот, се случил првиот одрон кој го блокирал сообраќајот на неколку часа, а само три дена подоцна и вториот.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Текст др Баја Кривокапића, Педагошка академија, Бањалука у Енциклопедији Југославије ЈЛЗ „Мирослав Крлежа“, Загреб 1984. том 3 (Црн—Ђ) pp. 258

Надворешни врски[уреди | уреди извор]