Челопек (Тетовско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Челопек

Панорама на Челопек

Челопек во рамките на Македонија
Челопек
Местоположба на Челопек во Македонија
Челопек на карта

Карта

Координати 41°55′54″N 21°0′47″E / 41.93167° СГШ; 21.01306° ИГД / 41.93167; 21.01306Координати: 41°55′54″N 21°0′47″E / 41.93167° СГШ; 21.01306° ИГД / 41.93167; 21.01306
Општина  Брвеница
Население 4.459 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1227
Шифра на КО 28089, 28589
Надм. вис. 702 м
Челопек на општинската карта

Атарот на Челопек во рамките на општината
Челопек на Ризницата
Црквата „Свети Никола“
Црквата „Света Богородица“

Челопек — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, на десниот брег на Вардар, во подножјето на Сува Гора, меѓу селата Милетино и Брвеница. Селото е ридско чии куќи се издигаат на надморска височина од 500 до 600 метри. Селото има полјоделска шумарска функција.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 121 христијанско семејство, 17 неженети христијани и 9 вдовици христијани.[2]

Името на село Челопек на македонски етимолошки означува „место каде што сонцето секогаш го удира твоето чело" заради тоа што селото е секогаш изложено на сонце. Селото Челопек датира уште од раната антика. Во селото се пронајдени антички македонски керамички садови и остатоци кои датираат од 7 век п.н.е. Жителите Албанци (Арнаути) се доселуваат во селото од Гургурница и од Седларево уште во отоманскиот период по налог на пашата за контрола на христијанското македонско население кое живеело таму. Црквата Св. Никола датира уште од XIV век. Легендата вели дека во селото постоела прекрасна Македонка која се нарекувала Евридика и во која се заљубил турскиот паша. Селаните не му дозволувале да ја земе за жена, но се согласиле тој да ја земе доколку им изгради црква. Тој на селаните им дал едно руво од вол и им наредил да ја изградат црквата онолку колку што може да го оптегнат рувото. Паметните селани, рувото го исекле на повеќе парчиња и го распределиле на поголема територија и така кога пашата видел дека селаните биле попаметни од него, им дозволил да ја изградат црквата колкава што сакаат. Кога Евридика отишла во домот на Турчинот, таа го убила, и неговиот гроб сè уште постои на турските гробишта во селото. Во понов период турското население кое живеело сè уште таму се албанизирало, и сега селото брои околу 5.000 жители Албанци и околу 500 Македонци. Во конфликтот во 2001 година, албанските терористи го разнесуваат мотелот „Бриони" во сопственост на Македонец и ги убиваат двајцата Македонци чувари на местото со поставување динамит врз нив.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.733—    
19532.893+5.9%
19613.196+10.5%
19713.801+18.9%
19814.731+24.5%
ГодинаНас.±%
1991550−88.4%
19944.876+786.5%
20025.287+8.4%
20214.459−15.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Челопек живееле 1.520 жители, од кои 1.000 Албанци. и 520 Македонци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци и 1.450 Албанци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5.287 жители, од кои 463 Македонци, 4.803 Албанци, 2 Турци, 1 Србин и 18 останати. Следува табела на националната структура на населението[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.459 жители, од кои 395 Македонци, 3.898 Албанци, 5 Бошњаци, 4 останати и 157 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 2.733
1953 827 2.057 4 1 4 2.893
1961 816 2.324 28 1 27 3.196
1971 670 3.061 35 2 33 3.801
1981 629 4.061 8 3 30 4.731
1991 514 28 2 6 550
1994 532 4.336 2 6 4.876
2002 463 4.803 2 1 18 5.287
2021 395 3.898 5 4 157 4.459

Родови[уреди | уреди извор]

Челопек е мешано село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонци:

  • Попоќовци (15 к.) староседелци. Името го добиле по предок кој бил свештеник.
  • Типицовци (20 к.) доселени се од Старо Село, кое сега е пусто и се наоѓа на Шар Планина. Во Челопек се доселиле тројца браќа пред повеќе од 250 години. Го знаат следното родословие: Косто (жив на 78 г. во 1947 година) Ристо-Тодор-Здравко-Ѓоре-Јанко, еден од нивните први доселеници. Имаат иселеници во Теново, Тетово (четири семејство), Скопје (шест семејства), Бугарија (едно семејство) и во Романија (четири семејства).
  • Љубевци (6 к.) имаат исто потекло и време на доселување како и претходниот род. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
  • Пољовци (10 к.) стари доселеници. Доселени се од некое денес албанско село на Шар Планина. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Веселковци (6 к.) доселени се доста рано. Доселени се од денес раселеното село Млаки. Се наоѓало југоисточно од селото Челопек. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
  • Русиновци (4 к.) исто потекло како претходниот род. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
  • Трајковци (8 к.) доселени се од селото Липјан, кое сега не постои, се наоѓало северно од Челопек. Го знаат следното родословие: Јоше (жив на 65 г. во 1947 година) Димо-Кузман-?-Трајко, кој се доселил. Имаат иселеници во Скопје (три семејства).
  • Гуној (4 к.) исто потекло како и претходниот род.
  • Кукуриковци (3 к.) потекло имаат како родови Типицовци и Љубевци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства).
  • Трлаќовци (12 к.) исто потекло како и претходниот род.
  • Дервенцовци (3 к.) доселени се од селото Ларце во Скопски Дервен. Во Ларце имаат муслимански роднини, кои таму преминале на ислам.
  • Поповци (5 к.) доселени се од селото Урвич. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 45 г. во 1947 година) Ристе-Димитрија-Илија, кој се доселил пред околу 200 години.
  • Шуковци (3 к.) потекло имаат како и родот Кукуриковци и другите три. Имаат иселеници во Романија (две семејства).
  • Ташковци (5 к.) доселени се од Јанина во Епир, Грција. Основачот на родот е донесен како роб во првата половина на XIX век. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
  • Паштрмовци (6 к.) доселени се од селото Долна Лешница. Се доселил дедото на Ефто (жив на 60 г. во 1947 година). Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Пупановци (5 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Го знаат следното родословие: Гавро (жив на 70 г. во 1947 година) Насте-Ѓоргија, еден од првите доселеници.
  • Љушповци (1 к.) време и место на доселување како и претходните родови.
  • Бурчевци (4 к.) време и место на доселување како и претходните родови. Имаат иселеници во Белград (две семејства) и во Обреновац (едно семејство).
  • Филовци (2 к.) имаат потекло како и претходните родови. Поточно овие родови по машка линија се изумрени, па сега во куќите живеат домазетовци од родот Паштрмовци и од селото Пожаране (од тамошниот род Томевци).
  • Панчевци (1 к.) стари доселеници. Доселени се од некое околно полошко село.
  • Коларовци (1 к.) доселени се од селото Ларце во Скопски Дервен. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство).
  • Грнчаровци (6 к.) доселени се од селото Блаце, таму биле староседелци. Имаат иселеници во Радиовце и во Романија (две семејства).
  • Игној (1 к.) рано се доселени од селото Милетино. И таму биле од некое околно полошко село. Имаат иселници во Ратае и во Романија (едно семејство).
  • Џаќеровци (1 к.) доселени се од селото Жеровјане
  • Чорбовци (2 к.) доселени се од селото Мерово во Скопски Дервен. Го знаат следното родословие: Онуфрија (жив на 60 г. во 1947 година) Јоан-Илија, кој се доселил.
  • Влканој (1 к.) потекнуваат од истоимениот род во Милетино.
  • Лукаревци или Богојевци (1 к.) гранка се од истоимениот род во селото Блаце.
  • Тачеј или Шоповци (1 к.) доселени се од Блаце, таму имаат истоимени роднини.

Албанци:

  • Гале (5 к.), Дурак (15 к.), Торба (5 к.) и Црвенк (9 к.) овие се поисламени, па поалбанчени. Првите два рода се староседелски во селото. Третиот род е доселен од некое село во областа Средска во Косово. А четвртиот од некаде е дојден.
  • Циле или Идризовци (14 к.), Селман (17 к.), Осман (19 к.), Мет (16 к.), Бајрам Мусас (16 к.), по потекло се од северна Албанија.
  • Бобоџан (3 к.), Зеќир (7 к.), Бајрам Емин (1 к.) и Зимбо Река (3 к.) доселени се од областа Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија.
  • Ајдар (3 к.), Селман (2 к.) и Курто (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.
  • Бобар (5 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
  • Фета Љок (7 к.), Емуш Љок (5 к.) и Пиунче Љок (3 к.) доселени се од некаде во северна Албанија. Доселени се пред околу 200 години.
  • Татар (3 к.) доселени се од Мала Азија. Кога дошле зборувале на турски, сега зборат албански.
  • Кока (2 к.), Капуч (6 к.), Бутик (1 к.) и Парла (5 к.) доселени се, но не знаат од каде. Можно е да се од северна Албанија.
  • Коач (24 к.) доселени се од селото Коџаџик во Дебарско. Го знаат следното родословие: Дано (жив на 70 г. во 1947 година) Асан-Зилбеар-Асан, еден од првите доселеници.
  • Наско (5 к.), Муса Салија (5 к.), Бафто (4 к.), Бектешовци (9 к.),Скендер (9 к.), Бучко (2 к.), Аљуш (2 к.), Оле (2 к.) и Шукри (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.
  • Метњан (2 к.), Мечан (4 к.) и Гуро (6 к.) доселени се од областа Матија во Албанија.
  • Рамаданлар (3 к.) и Мустафа (5 к.) доселени се однекаде од Албанија.
  • Незир (1 к.) доселен од селото Милетино.
  • Шето (9 к.) доселени се од селото Шето во Албанија.
  • Тока (2 к.) доселени се од селата Србиново и Трново кај Гостивар.

Турци:

  • Оџини (2 к.), Рамадановци (1 к.) и Исмаиновци (1 к.) првите се од Тетово, а другите два не знаат од каде.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото има осумгодишно училиште, има амбуланта, пошта, земјоделска задруга, споменик за НОБ и услужни објекти.

Училишта

ОУ „7 Март“ — основно училиште

Цркви

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните место бр. 2037, 2037/1, 2038, 2038/1, 2039, 2039/1, 2040, 2040/1 и 2041 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 5.468 гласачи.[11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.332
  3. Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 155.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  9. 9,0 9,1 „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското архијерејско наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-05-02.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]