Челенка
Изглед
Челенка – невестински украс за на глава. Престанала да се носи кон крајот на XIX век.
Се изработувала од чаталесто дреново дрво, обвиткано со шарени крпи. На главата се придржувало со ремче под гушата, а со други ремчиња се прикачувала на рамото на горната облека. Од неа надолу се спуштале низи од пари или монистра што ѕвонеле при одењето. [1]
По овој украс е наречен и хералдичкиот елемент челенка кој стои врз шлемот или има улога на самостојно обележје.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1618. ISBN 978-608-203-024-1.