Чедомир Митевски
Чедомир Митевски | ||
![]() | ||
Роден | 1 декември 1993 Куманово | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | актер |
Чедомир Митевски (роден на 1 декември 1993 во Куманово, Република Македонија) е македонски актер.
Образование[уреди | уреди извор]
Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во класата на проф. Зоја Бузалковска.
Улоги[уреди | уреди извор]
Претстави[уреди | уреди извор]
2019 година
Главна улога во дипломска претставата „Бела Болест".
Главна улога во претставата „Како се прави човек"
2018 година
Играл во улогите на Micheal/Richard во „The Big Chill"
2017 година
Играл главна улога во претставата „На погрешно место во погрешно време" во Кумановскиот театар.
Улогата на таткото во „Hadersfield".
Дадилка во „Елка кај Иванови".
2016/2017
Го играл ликот на Аслаксен во „Народен Непријател".
Играл затворски чувар во "System Error"
2016 година
Го играл ликот на Џо Келер во „Сите мои синови".
2015 година
Играл повеќе ликови во детска претстава „Библија".
2013 година
Играл главна улога во "Аудиенција".
Филмови и серии[уреди | уреди извор]
Филмови:
„Јас не сум Игор" режија на Сергеј Георгиев 2017,
„Црни и Криви" режија на Марко Џамбазовски (дипломски филм) 2018,
"Врба режија Милчо Манчевски 2019,
- Тајниот изум режија Дина Дума 2022.
ТВ серии:
„Пет плус фамилија" ОХО продукција 2015,
„Преспав" ОХО продукција 2016,
„Дајте музика" продукција МТВ 2019,
"Куќен притвор" ОХО продукција 2022,
"Бистра вода" продукција Телевизија Алфа 2023.