Чедомир Антиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чедомир Антиќ
Роден 9 октомври 1974(1974-10-09)
Белград, СФРЈ
Занимање историчар
Сопружник Ивана Антиќ

Чедомир Антиќ (Белград, 9 октомври 1974година) е српски историчар, политички активист и бивш водач на студентите. Соавтор е на првата обемна монографија „Историја на Република Српска”, објавена во Белград и Бања Лука во 2016 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Антиќ дипломирал историја на Филозофскиот факултет во Белград, како прв во генерацијата во 1999 година. Магистрирал Современа историја на Универзитетот во Бристол во 2002 година и Национална историја на Новиот век на Универзитетот во Белград во 2003 година. Антиќ докторирал историја на Филозофскиот факултет во Белград во 2008 година. Објавил шест научни монографии: „A Country of Holidays and A city of Monuments” 2004; „Велика Британија, Србија и Кримската војна” 2004; „Ralph Paget: A Diplomat in Serbia” 2006, и „Neutrality as Independence: Great Britain, Serbia and the Crimean War” 2007 година. Заедно со Слободан Г. Марковиќ, Антиќ е автор на книгата посветена на 170-та годишница на Српско-британските дипломатски односи. Заедно со Момчило Павловиќ, Антиќ напишал монографија за историјијата на воената болница во Ниш.

Чедомир Антиќ се занимава и со популаризација на историјата.

Политичка активност[уреди | уреди извор]

Чедомир Антиќ бил главен на главниот одбор на Студентскиот протест во 1996/1997 година,[1] бил портпарол на Демократската партија бил во текот на 1998 и 1999 година. Како заговорник за воспоставување на државна независност и историските договори на Србија и Албанаците од Косово и Метохија, Чедомир Антиќ напишал предлог за програма „Независна Србија во ЕУ”. Програмата во мај 2003 година ја прифатила новоформираната партија Г17 Плус. Чедомир Антиќ бил член на претседателството на партијата Г17 од 2004 година до 2006 година. Партијата Г17 ја напуштила ова државна програма кон крајот 2006 година.

Во сеопфатната монографија Историјата на Република Српска во соавторство со политикологот Ненад Кецмановиќ, Антиќ ја опишал историјата на Република Српска структурирана низ петнаесет главни поглавја.

Библиографија на Чедомир Антиќ[уреди | уреди извор]

  • „Неизбрана сојузница: Србија и Велика Британија во Првата светска војна”, објавена во 2012година.
  • „A Country of Holidays and A city of Monuments”, 2004.
  • „Велика Британија, Србија и Кримската војна”, 2004.
  • „Ralph Paget: A Diplomat in Serbia”, 2006.
  • „Neutrality as Independence: Great Britain, Serbia and the Crimean War”, 2007
  • „170-ата годишница на српско-британски дипломатски односи”, во коауторство со др Слободан Г. Марковиќ
  • „Историја на Војната болница во Ниш”
  • Кецмановиќ, Ненад (2015). Историја на Република Српска. Белград: SAS Intelligence, Српска книжевна задруга. Недостасува |author1= (help)
  • „Независна Србија”, текстови посветени на државното прашање, 2006.
  • „Кратка историја на Србија 1804-2004.”, (2004, 2005 и 2009)
  • „Историја и заблуда”, (2005. и 2008.)
  • „Четрнаесети војвода и деветте баби”, книга за темите од општествената историја на Србија во XIX и XX век, 2009.
  • Предлог за програма „Независна Србија во ЕУ”, 2003.
  • „Студентска фронда”, книга на спомени на Студентската протеста 1996/1997, 2011.

Наводи[уреди | уреди извор]