Прејди на содржината

Чевларски занает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чевлар на битолскиот пазар (2025)

Чевларство или кондураџиство — традиционален занает на изработка или поправка на обувки. Денес изработката целосно е потисната од индустриското производство, па занаетот е сведен само на поправка на обувки.

Чевларите (наречени и „кондураџии“) изработуваат низа разни обувки, во кои спаѓаат чевли, чизми, сандали, кломпи, мокасини и др. Овие предмети се прават од кожа, дрво, гума, пластика, јута и други растителни материјали, и често содржат повеќе делови (или слоеви) за поголема трајност на ѓонот, на кој се зашива кожата.

Чевларите користат чевларски калап на кој ги изработуваат чевлите. Тој може да биде железен или дрвен. Некои чевалрски калапи се прави, додека други се свиткани, и затоа постојат во пар: еден за леви и еден за десни чевли. Денешните чевлари можат да користат и материјал од автомобилска гума како евтина алтернатива за правење ѓонови.

Кожарско-преработувачки занает

[уреди | уреди извор]

Еден од најчестите занаети во Охридско-струшкиот регион бил чевларскиот занает, кој како модерен занает се развил кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во Охрид најповеќе биле застапени таканаречените мајстори за изработка на „старовремски“ чевли наменети за Турците. Со нивното раселување, се менувала и модата. Попознати „модерни“ чевлари од тој период биле: Никола Филипче, Климе Банде, Сандре Пирузе, Јонче Куртеле и други. [1]

Чевларски еснаф

[уреди | уреди извор]

Чевларите во време на Турците имале и свој еснаф, а си имале и своја слава, на Св. Спирондија. Овој празник го славеле сè до 1945 година. Во чест на овој празник ги затворале дуќаните, и се собирале во некоја мајсторска куќа, по ждрепка. [2]

Чевларството по Првата светска војна

[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна бројот на чевларите се зголемувал. До Балканските војни, суровината за изработка на чевли се носела од Солун, од страна на Битолските трговци. Добрите мајстори се служеле со калапи за чевли и со „земање мерка'. По Првата светска војна почнала да се развива модата на носење чевли, па за добрите мајстори секогаш имало работа. Модата доаѓала од Париз, а за такви чевли најтешко им било да се снабдат со калапи. [3]

Алати во чевларскиот занает

[уреди | уреди извор]

Алатите со кои се служеле чевларите меѓу двете светски војни биле: клешти, ќерпа, шило, нож, дурбија, распа, лабуњо, менѓеме,српин и друго. Овие алати главно биле набавувани од странство. [4]

Интерес за чевларскиот занает

[уреди | уреди извор]

За изучување на чевларскиот занает имало голем интерес. Мајсторите имале и по двајца калфи кои го изучувале занаетот, а кои биле и добро платени. Охридското занаетчиско здружение, уште во 1928 година известило дека имало 76 чевлари во Охрид во време на Турците, а во 1928 година биле 40. Охридските и струшките чевлари добро поминувале сè додека не навлегле индустриските чевли во продажба. Поради тоа преку своите здруженија вршеле одреден притисок да не се отвараат дуќани на индустриски чевли во нивна близина кои драстично им ја намалуваат цената и прометот. Но, такви продавници се отварале и во најмалите градови. [5]

Чевларите како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.73
  2. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.74
  3. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.75
  4. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.75
  5. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.77/78
  6. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 33-35.
  7. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 164.
  8. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 186.
  9. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 128-129.