Ча-ча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ча-ча е еден од најновите латино танци. Настанал од мамбото во танцовитее сали на Америка, во почетокот на 50-те години на минатиот век. Како и сите други танци и ча-ча има повеќе приказни повразани за неговото создавање, а меѓу приказните што ја следат неговата кореографија е таа за кубанските проститутки и муштериите кои се ценкале, кога тие се обоидувале да им докажат колку навистина вредат и оти вредело времето што го минале со нив. Од ова произлегува дека ча-ча е мошне предизвикувачки и слобдоен танц, со движење на колковите и многу сугестивни фигури. Поради ваквата приказна танчерската двојка може да игра на дистанца и практично без допири во текот на целата кореографија.