Чау-чау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чау-чау

Чау-чау[1] (погрешно: чау чау) — раса кучиња со потекло од Кина. Тие се едни од најтивките раси кучиња, речиси никогаш не лаат. Интересното кај оваа раса е синиот јазик и опашката свиткана до грбот. Тие не се дебели, но нивното крзно е многу обемно. Некогаш биле користени за лов. Во денешно време се многу посакувани кучиња, но не секој може да си ги дозволи поради високите цени. Комбинацијата помеѓу куче, мече и лав е изразена во една од најубавите раси меѓу „кучешкото семејство“. Иако навидум се смирени, овие кучиња можат да бидат прилично агресивни кон некои странци за да ги заштитат своите сопственици и нивниот имот. Исто така, нивната животинска агресија обично е насочена кон кучиња од ист пол, особено ако и тие се чау-чау. Бидејќи овие кучиња имаат многу силни ловечки нагони, се препорачува да се држат на ремен кога наоколу има мачки и други мали животни.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Правопис на македонскиот јазик (II. изд.). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 2017. стр. 64. ISBN 978-608-220-042-2.
  2. IT, Extreme. „Chow Chow Official Colors“. BLUE GLACIER d.o.o. (англиски). Посетено на 2023-04-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]