Чатир Даг

Координати: 44°44′N 34°18′E / 44.733° СГШ; 34.300° ИГД / 44.733; 34.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чатир-Даг)
Чатир Даг
Çatır Dağ
Највисока точка
Надм. вис.1.527 м
Матичен врвЕклизи Бурун
Координати44°44′N 34°18′E / 44.733° СГШ; 34.300° ИГД / 44.733; 34.300
Друго имеÇatır Dağ
Географија
Чатир Даг на карта

Карта

МестоКрим
Матичен венецКримски Планини
Поглед на врвот Ангар Бурун.
Податотека:Chatyr dag upper plateau.jpg
Поглед на врвот Еклизи Бурун.

Чатир Даг (кримскотатарски: Çatır Dağ, руски: Чатыр-Даг, украински: Чатир-Даг) — планински масив во јужниот дел на полуостровот Крим, недалеку од автопатот Симферопол-Алушта. На кримскотатарски чатир значи „шатор“, а даг значи „планина“. Највисок врв е Еклизи Бурун со надморска височина од 1.527 м.

Преглед[уреди | уреди извор]

Планината се состои од две висорамнини: долна (северна) и горна (јужна). Долната благо се спушта по северната страна која е обрасната со степски треви. На јужниот крај (кај стрмната падина на повисоката висорамнина), долната висорамнина има букови шуми и смрекови полјани. Масивот има неколку планинарски патеки и исклучителни пештери. Источната страна на пониската висорамнина има корија од тиси.

Горната висорамнина е обликувана како џиновска вангла, а по ободотг се издигаат највисоките врвови. Горната висорамнина е прекриена со планински пасишта. Тука падините се многу стрмни и нудат прилики за алпинизам.

Геологија[уреди | уреди извор]

Масивот е класично карстно подрачје: има преку 200 пештери, јами, и пропасти. Има дури 1000 вртачи,[1] повеќе од сите Кримски Планини. По составот на карпата се дели на два структурни слоја. Горниот е дебел околу 1000 метри и се состои од варовници, настанати со таложењето од топлите мориња во горната јура, сместени врз црвно-кафеави конгломерати. Конгломератите пак, лежат на водоотпорен слој подолу, наталожени во горниот тријас и долната јура. Ова е познато како „тавридска низа“, која се состои од наизменично наредени зеленикави и црни аргилити, алевролити и песочници. Овие минерали се прилично распространети по целото јужно и југозападно крајбрежје на Крим.

Чатир Даг е населен уште од новото камено време. Од тој период е најдено бачило во месноста Јазовечка Полјана. Во пештерите живееле сточари и ловци (V век п.н.е.).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Tourist attractions in Crimea