Прејди на содржината

Часовничарот од Сен-Пол

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Часовничарот од Сен-Пол“ (француски: L'Horloger de Saint-Paul) – филм на режисерот Бертран Таверние (Bertrand Tavernier) од 1974 година. Главните улоги ги играат: Филип Ноаре (Philipppe Noiret), Жан Рошфор (Jean Rochefort), Жак Дени (Jacques Denis) и Силвен Ружери (Sylvain Rougerie). Ова е првиот целовечерен филм на Таверние, снимен според романот на Жорж Сименон, а автори на сценариото се Жан Оренш (Jean Aurenche) и Пјер Бост (Pierre Bost). Тој се смета за еден од најдобрите деби-филмови во историјата на филмот, кој се одликува со впечатлива атмосфера, стилска прецизност, со извонредна карактеризација на ликовите и со вешто подигнување на емоционалниот напон. На филмскиот фестивал во Берлин, Таверние ја освоил „Сребрената мечка“.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Мишел Деком (го игра Ноаре) е часовничар кој живее во лионското предградие Сен-Пол, заедно со синот Бернар (го игра Ружери). Кога Бернар ќе биде обвинет за убиство на еден чувар, тој бега, а полицискиот инспектор Гилбу (го игра Рошфор) бара од Мишел да му помогне во истрагата. Шокиран од настанот, Мишел дури тогаш сфаќа колку малку го познава синот, но набргу се солидаризира со него....