Часови на очајот (филм од 1955)
Часови на очајот (англиски: The desperate hours) - американски филм од 1955 година, во режија на Вилијам Вајлер по сценариото на Џозеф Хејс, засновано врз неговиот роман. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Фредрик Марч, Артур Кенеди, Марта Скот, Дјуи Мартин, Мери Марфи, Ричард Евер, Роберт Мидлтон, итн.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот се одвива во едно богато предградие во САД, во средината на 1950-тите. Ден Хилијард (го игра Марч) живее мирен живот со сопругата Елинор (ја игра Скот), ќерката Синди (ја игра Марфи) и малиот син. Меѓутоа, идиличниот живот во тоа подрачје е нарушен од бегството на криминалецот Глен Грифин (го игра Богарт), осуден на повеќегодишна затворска казна поради убиство. Заедно со Грифин бегаат и неговиот помал брат Хал (го игра Мартин) и другарот Сем Кобиш (го игра Мидлтон). Бегајќи од полицијата, предводена од детективот Џеси Бард (го игра Кенеди), тројцата бегалци влегуваат во куќата на Ден, а Елинор ја земаат за заложник. На почетокот, Ден е сосема збунет и неспособен да го заштити семејството, но со текот на времето, ситуацијата почнува да се менува...[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „www.hrt.hr (пристапено на 20.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-27.
- ↑ „www.hrt.hr (пристапено на 20.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-27.