Часовен агол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Часовен агол — во астрономијата и небесната навигација е една од координатите кои се користат кај екваторскиот координатен систем за да се одреди насоката на точка на небесната сфера. Часовниот агол на една точка е аголот меѓу две рамнини: во една од нив се содржани Земјена оска и зенит ( меридијанска рамнина), додека пак во другата се содржани Земјена оска и одредена точка (часовен круг кој минува низ таа точка).

Гледана одозгора земјениот Северен Пол, ѕвездениот локален часовен агол за набљудувач близу Њујорк (црвено). Исто така се прикажани и Ректасцензијата и часовниот агол кај Гринич, локално ѕвездено време и ѕвезденото време во Гринич. Со ознаката ʏ се означува насоката на пролетната рамноденица.

Аголот може да се изрази како спротивна насока (негативна) од исток на меридијанска рамнина и во насока на од запад (позитивна) на меридијанската рамнина, или позитивно од запад од 0° до 360°. Аголот може да се мери во степени или во време со 24ч ко се еднакви на 360°.

Во астрономијата, часовниот агол се дефинира како аголно растојание на небесната сфера мерена западно по должина на небесниот екватор за меридијанот до часовниот круг кој минува низ точката t.[1] Може да се мери како времеили вртежи во зависност од намената. Во небесната навигација, погодно е да се мери во степени западно по нултиот меридијан, локалниот меридијан или првата точка од Овен.

Часовниот агол е во пар со деклинацијата за целосно да се одреди насоката на точката на небесната сфера во екваторскиот координатен систем.[2]

Во однос на ректасцензијата[уреди | уреди извор]

Локалниот часовен агол (LHA) на тело на небото кое го гледа набљудувач е:

или

каде LHA тело е месниот часовен агол за телото, LST е локалното ѕвездено време, е ректасцензијата на телото, GST е свездено време во Гринич и е должина на набљудувачот (западно позитивно од нултиот меридијан).[3] Овие агли можат да се изразат преку време (24 часа во круг) или во степени (360 степени во круг)—едно или друго, но не и двете истовремено.

Негативните часовни агли го посочуваат времето потребно за следниот премин преку меридијанот, часовен агол со вредност нула означува дека телото е на меридијанот.

Сончев часовен агол[уреди | уреди извор]

Набљудувајќи го Сонцето од Земјата, 'сончевиот часовен агол е изразување на времето преку аголна мерка, најчесто степени, од сончевото пладне. При сончевото пладне часовниот агол е 0,000 степени, времето пред пладнето се изразува со негативни степени, додека по пладнето се означува со позитивни вредности во степени. На пример во 10:30 часот локално привидно време часовниот агол е -22,5° (15° за еден час 1,5 часа пред пладне).[4]

косинусот на часовниот агол (cos(h)) се користи за да се пресмета сончевиот зенитен агол. При сончевото пладне, h = 0,000 па вредноста на cos(h)=1, а пред и по сончевото пладне cos(± h) е еднаков на истата вредност за утро (негативен часовен агол) или попладне (позитивен часовен агол), т.е. Сонцето е на иста висина на небото во 11:00 часот и 13:00 часот по сончево времеитн.[5]

Ѕвезден часовен агол[уреди | уреди извор]

Ѕвездениот часовен агол на тело на небесната сфера е аголното растојание западно од верналова рамноденица кое се мери во степени. SHA-ѕвездениот часовен агол на ѕвездата се менува споро, и SHA на планетата не се менува достатно брзо, па SHA е погоден начин за да се прибележат нивните местоположби во алманасите. SHA често се користи за небесна навигација и навигациона астрономија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. U.S. Naval Observatory Nautical Almanac Office (1992). P. Kenneth Seidelmann (уред.). Explanatory Supplement to the Astronomical Almanac. University Science Books, Mill Valley, CA. стр. 729. ISBN 0-935702-68-7.
  2. Explanatory Supplement (1992), p. 724.
  3. Meeus, Jean (1991). Astronomical Algorithms. Willmann-Bell, Inc., Richmond, VA. стр. 88. ISBN 0-943396-35-2.
  4. doi:10.1002/9780470209738.ch2
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  5. doi:10.1016/B978-012369407-2/50005-X
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно