Луис Карол

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чарлс Лудвиг Доџсон)
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Лудвиг Доџсон
tinted monochrome 3/4-length photo portrait of seated Dodgson holding a book
Псевдоним Луис Керол
Занимање Писател, математичар, англикански свештеник, фотограф
Националност Британец
Жанрови Детска литература, литература на фантастичното, поезија, литературна бессмислица
Значајни дела „Алиса во земјата на чудата“, Низ огледалото, Ловењето на снаркот, Џабервоки

Чарлс Лудвиг Доџсон  ; (27 јануари 1832 – 14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол бил англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф. Неговите најпознати дела се „Алиса во земјата на чудата“ и неговото продолжение „Низ огледалото“, како и поемите „Ловењето на снаркот“ и „Џабервоки“, сите во улога на примери за литературна бесмислица. Тој е познат по способноста лесно да си игра со зборовите, логиката и фантазијата, и постојат цели друштва во многу делови на светот, вклучувајќи ги и Велика Британија, Јапонија, Соединетите американски држави, како и Нов Зеланд кои се посветени на уживањето во неговите дела и нивното промовирање, како и проучување на неговиот живот.

Предци[уреди]

Семејството на Доџсон претежно потекнувало од северна Англија, со некои ирски корени. Конзервативни и високо англикански, многу од предците на Доџсон биле или офицери во војската или англикански свештеници. Неговиот прадедо, исто така Чарлс Доџсон, се искачил низ црковната хиерархија до местото на бискуп. Неговиот дедо, вториот Чарлс, бил капетан во војска,кој бил убиен во акција во 1803 година кога неговите двајца синови биле штотуку родени. Неговата мајка се викала Френсис Џејн Лутвиг. [1]

Најстариот од овие синови - уште еден Чарлс – бил таткото на Керол. Тој се посветил на другиот семеен бизнис и дал свештеничка заклетва. Го посетувал средното училиште „Рагби“ , и од таму продолжил на универзитетот Крајст Чрч во Оксфорд. Тој имал голем талент за математика и добил највисоки дипломски отцени по два предмета кои претставувале увертира во една успешна академска кариера. Но тој се оженил со својата прва братучетка во 1827 година и станал околиски пастор.[2]

Таткото на младиот Чарлс бил активен и доста конзервативен свештеник на Англиканската црква кој бил вклучен, со големо влијание, во интензивните религиозни спорови кои ја разединувале Англиканската црква. Бил наклонет кој високо англиканската црква, а особено кон англо католицизам, обожавател на Џон Хенри Њуман и трактаријанското движење, и со сите сили се обидувал да ги наметне овие видувања на неговите деца. Меѓутоа младиот Чарлс, во целост ќе разве една замрсена врска со вредностите на неговиот татко и Англиканската црква. [3]

Додсон е роден во малата парохија Дарсбури, близу Варингтон, Чешир, како најстар син, но веќе трето дете од четири и пол-годишниот брак. По него се родиле уште осум други деца. Кога Чарлс бил единаесет години, на татко му била дадена бенефиција на живеење во пространата парохија Крофтонтиз во Северен Јоркшир, и целото семејство се преселило таму. Тука останале да живеат во нар
Грешка во наводот: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).