Чао Праја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чао Праја
แม่น้ำเจ้าพระยา
Изворот на Чао Праја во Након Саван
Притоки
 - леви Па Сак
 - десни Саке Кранг
Извор слевање на Пинг и Нан
 - место Пак Нам По, Након Саван
 - височина 25 м
Утока
 - местоположба Тајландски Залив, Самут Пракан
 - височина м
Должина 372 км
Слив 160.400 км2
Истек во Након Саван
 - просечен 718 м3
 - максимален 5.960 м3
Карта на сливот на Чао Праја
Карта на сливот на Чао Праја
Карта на сливот на Чао Праја

Чао Праја тајландски: แม่น้ำเจ้าพระยา) — голема река во Тајланд, чија наносна рамнина го образува средиштето на земјата. Тече низ градот Бангкок, па на крај се влева во Тајландскиот Залив.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката Чапо Праја се образува со слевање на реките Пинг и Нан кај градот Након Саван во истоимената покраина. Потоа продолжува јужно и тече 372 км од централната рамнина до Бангкок и Тајландскиот Залив. Во покраината Чајнат, реката се двои на главно течение и растоката Та Чин, која тече напоредно на главната река и истекува во Тајландскиот Залив околу 35 км западно од Бангкок во Самут Сакон. Ниската наносна рамнина што почнува под Чајнатската брана е испресечена со многубројни мали канали (клонгови) што се извдојуваат од главната река и служат за наводнување на оризарниците.

Подрачјето по течението нареката има монсунска клима, со преку 1.400 мм дожд годишно. Температурата се движи од 24 до 33 °C во Бангкок.

Зафати на реката[уреди | уреди извор]

Орвобитното течени на реката и каналите-кратенки

Долното течение на реката е неколкупати преуредувано за време на Ајутајското кралство. Ископани се неколку канали за да како кратенки за големите свиоци, скратувајќи го од главниот град до морето. Со време течението на самата река се има изменето така што денес ги следи овие канали.

  • 1538 — ископан првиот зафат, 3-километарски канал по наредба на кралот Чајрача. Денес каналот се нарекува „Клонг Бангкок Ној“. Со ова е скратена пловидбата на бродовите од Тајландскиот Залив до тогашната престолнина Ајутаја за 13-14 км.[1]
  • 1542 — ископан 2-километарски канал, денес наречен „Клонг Бангкок Јај“, скратувајќи го пловниот пат за 14 км.[1]
  • 1608 — ископан 7-километарскиот канал „Клонг Банг Прао“, сратувајќи го течението на Чао Праја за 18 км.[1]
  • 1636 — ископан каналот „Клонг лат меанг Нонтабури“.[1]
  • 1722 ископан ископан 2-клиометарскиот канал „Клонг лат Крет Ној“, со кој течението е скратено за 7 км.[1]

Крајречни градови[уреди | уреди извор]

Поважни населени места на реката Чао Праја, од северн кон југ, се градовите Након Саван, Утај Тани, Чајнат, Сингбури, Анг Тонг, Ајутаја, Pатум Тани, Нонтабури, Бангкок и Самут Пракан. Поради нивната положба на речните брегови, ова се градови со најголемо историско значење и најгуста населеност.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Продавачка на храна во чун на реката

Најголемите мостови преку реката Чао Праја се во Бангкок и околината. Тоа се мостовите: „Рама VI“, „Пра Пинклао“ кај Голем дворец, „Рама VIII“, „Рама IX“ и „Пумипон“, кој е дел од индустриската обиколница.

Реката Чао Праја претставува значајна сообраќајна артерија низ која пловат голем број линии на јавни пловила, прекуречни траекти и такси-пловила.

Притоки[уреди | уреди извор]

Главни притоки на Чао Праја се Па Сак, Саке Кранг, Нан (заедно со нејзината главна утока, Јом), Пинг (заедно со нејзината главна утока, Ванг) и Та Чин.[2][3][4] Секоја од притоките (како и самата Чао Праја) добива вода од мноштво мали притоки, разгранети во речиси секоја покраиуна во цреден и северен Тајланд.[2]. Ниедна од притоките не излегува од државните граници. Реките Нани Јом течат речиси напоредно од Питсанулок до Чумсенг во северниот дел на покраината Након Саван.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Steve Van Beek: The Chao Phya, стр. 39
  2. 2,0 2,1 „Royal Irrigation Department River Gauges Report“. RID Stations. 2002. Архивирано од изворникот на 2009-08-14. Посетено на 20 July 2008.
  3. „Chao Phraya River Basin (Thailand)“. World Water Assessment Programme. Посетено на 20 July 2008.
  4. „Detailed Map of the Chao Phraya River Basin (Thailand)“. World Water Assessment Programme. Посетено на 20 July 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 13°32′25″N 100°35′23″E / 13.54028° СГШ; 100.58972° ИГД / 13.54028; 100.58972