Чалгија саунд систем (музички албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Чалгија саунд систем“ — музички албум на истоимената македонска музичка група. Албумот е објавен во 2010 година од издавачката куќа „Профундус

Содржина[уреди | уреди извор]

Албумот содржи 18 песни:[1]

  • Стојана мајка учеше
  • Ајде вино пијам
  • Кажи Јано, кажи душо
  • Марие, млада невесто
  • Не виткај се, Софче
  • Дафино, вино црвено
  • Старо чалгиско оро
  • Антице, џанам душице
  • Ој Ѓорушице
  • Ајде дали знаеш, паметиш Милице
  • Севдалино, малој моме
  • По друм одам
  • Мори чупи костурчанки
  • Твојте очи, Лено
  • Одење по невестата
  • Кица мома моле бога
  • Ој Зарино
  • Апсана ме кладе

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Албумот е снимен во живо на телевизијатаАлфа“, на 18 декември 2009 година. Снимател бил Ален Хаџи-Стефанов, а миксот и мастерингот ги направил Доријан Јовановиќ во студиото „Профундус“. Аранжманите на сите песни се дело на групата, освен четвртата и петтата песна кои ги аранжирал Мате Грујоски. Сите песни се отсвирени од групата, која е и продуцент на албумот. Автор на дизајнот на обвивката на албумот и на логото е Ладислав Цветковски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Чалгија саунд систем, PFCD 0110 ZAMP, 2010.